Monster Yamaha Tech3 тимот објави дека е постигнат договор со нивниот возач Бредли Смит со кој Британецот останува во тимот во 2016 година.

Poncharal Smith Czech Republic Brno 2015 6

Monster Yamaha Tech3 тимот објави дека е постигнат договор со нивниот возач Бредли Смит со кој Британецот останува во тимот во 2016 година.

Бредли Смит ја вози сезоната на неговата кариера, според резултатите ова е нај успешната година за него имајќи во предвид дека до сега нема завшрено подолу од 8-та позиција. Во генералниот пласман се наоѓа на петтата позиција, а воедно е и најдобар возач од сателитските тимови.

За Смит тоа ќе биде четврта сезона со Yamaha Tech 3 тимот, од вкупно шест колку што ќе има следната сезона. Тој во 2011 премина во МотоГП класата од Мото2 каде возеше за Tech3 Racing тимот. Освен фактото што собра најмногу поени од било кој друг Британски возач во својата прва сезона, во неговата историја е впишан и фантастичниот подиум на Филип Ајленд минатата сезона.

Смит беше дел и од победничкиот тим на Yamaha на 8 часа Сузука трката на издржливост, а сега ќе може да се фокусира на остатокот од шампионатот и да се обиде да собере што е можно повеќе поени пред следната година да се качи на новиот Yamaha YZR-M1.

Back To Top