Иако имаше фантастичен старт на својата МотоГП кариера, американецот според многумина направи клучни грешки во својата кариера, за изминатите 12 месеци да ги помине заздравувајќи од повреди, што на крајот резултира со повлекување на Бен Спиз од мото трките.

Spies-12MotoGP-Signs-Ducati

Во светот на мото трките ќе недостасува уште едно име, Бен Спиз го најави своето повлекување

Иако имаше фантастичен старт на својата МотоГП кариера, американецот според многумина направи клучни грешки во својата кариера, за изминатите 12 месеци да ги помине заздравувајќи од повреди, што на крајот резултира со повлекување на Бен Спиз од мото трките.

Ben Spies Sears Point 2005

Бен Спиз е трикратен шампион во американската супербајк серија АМА (2006, 2007 и 2008 година), потоа во 2009 ја освои шампионската титула во Светскиот Супербајк, по што премина во МотоГП како возач на Јамаха Теч3 тимот. Во 2010 година имаше два подиума со сателитски мотор, шеста позиција во генералниот пласман, а ја заслужи и титулата „Rookie of the Year“. Потоа во 2011 следеше негово качување скалило погоре, фабричкиот тим на Јамаха каде ја забележа и првата победа во МотоГП. На крајот сезоната ја заврши на петтата позиција, заради повредата која го оддалечи од бодовите неколку трки.

800px-Ben Spies SBK Assen 2009

Во неговата МотоГП кариера пресудна беше 2012 година, кога американецот остана со фабричкиот тим на Јамаха, како клубски колега на Лоренцо. Лошиот старт во сезоната донесе голем притисок врз него, како од јавноста така и од тимот кој беше со големи очекувања од „Elbowz“. За него тоа беше катастрофална година, од 16 трки немаше ниту еден подиум, ниту една победа, а сезоната ја заврши на 10-та позиција со само 88 бодови. По недоразбирањата со тимот тој на 24-ти јули најави дека нема да вози за Јамаха во 2013-та, а потоа беше објавено неговото преминување во сателитскиот мотор на Дукати со тимот Прамак Рејсинг.

789px-Ben Spies Losail 2010

Како што се дозна подоцна, главната причина за одлуката на Спиз бил повикот од шефот на Јамаха, кој побарал од американецот на трката во Лагуна Сека да вози како што треба или да не се враќа назад. За Спиз тоа било доволно да свати дека не е посакуван во тимот доколку не му оди како што треба, а без поддршката од тимот успехот не е можен.

ben-spies-crash-indianapolis-gp-scott-jones

Оваа сезона продолжи агонијата на Спиз, иако не се очекуваа резултати од сателитскиот Дукати, сепак се очекуваше тој да го даде својот максимум. Спиз возеше на првите две трки во сезоната, а потоа заради повреди се појави дури на трката во Индијанаполис, каде повторно падна и беше исклучен од трките до крајот на сезоната. На Гранд При-то во Јапонија овој викенд, тој го најави и повлекувањето од мото трките:

Сега знам како им е на професионалните спортисти кога доаѓаат до овој ден кога треба да се повлечат. Одлуката е тешка, но едноставно знаеш дека е дојден денот. Така се осеќам јас во моментов. Исто така сакам да кажам дека не треба да очекувате мое враќање на патеките. Доколку се обидам повторно да се тркам тоа ќе биде од погрешни причини, едноставно нема да бидам на нивото на кое треба да бидам. Всушност никогаш повеќе нема да бидам на потребното ниво, а јас нема да бидам уште еден возач кој само кружи по патеката, едноставно не сум таков. - изјави Спиз

Тој за медиумите ги потврди и шпекулациите дека било планирано негово заминување од МотоГП и повторен настап во Супербајк, но заради повредите тој план нема да се реализира.

Да точно е дека имав одлична понуда од Дукати, направија се што беше во нивна можност да ме добијат и навистина ми е жал што нема да бидам во можност да го остварам договорот. Навистина се радував на враќањето во Супербајк. - потври американецот

Запрашан за плановите во иднина тој едноставно изјави дека ќе се посвети повеќе на семејството, секако тука е и неговиот велосипедски тим на кој ќе може да му посвети повеќе внимание. Тој секако нема целосно да се повлече од мото спортот, како што изјави и самиот ќе помага секојпат кога ќе може и кога ќе се побара од него, но неговата тркачка кариера е готова.

Back To Top