„Имаме самодоверба но најголемата промена ќе бидат пневматиците. Мораме да разбереме дали нашата брзина е иста како и на тестот“ – Андреа Довициозо

Андреа Довициозо инсистира дека не чувствува дополнителен притисок во пресрет на трката на која има големи шанси за победа и за прекин на низата на Ducati од речиси шест години без победа.

Тимот не остварил победа од 2010 година. Сепак, возачите на Ducati доминираа на неодамнешниот приватен тест на Red Bull Ring.

„Секако, медиумите се главни за тоа,“ изјави Довициозо на прашањето за притисокот што го чувствува од медиумите. „Но тоа не е важно. Најважното нешто е да имам добро чувство на мотоциклот и на патеката. На тестот се беше добро уште од самиот почеток.“

dovi 4

Довициозо потврди дека патеката, која последен пат била домаќин на MotoGP во 1997 година, им одговара на мотоциклите на Ducati.

„Секако дека патеката одговара на нашите мотоцикли. Нашиот мотоцикл е многу брз на правец и силен при забрзување. Свиоците тука се многу бавни. Но сепак на тестовите сите возачи на Ducati беа навистина брзи.“

„Имаме голема самодоверба во пресрет на трката но сепак знаеме колку нашите ривали се силни за време на викендот. Трката е секогаш поинаква, а главната промена ќе бидат пневматиците, бидејќи тие се различни од тестот.“

„Уште од самиот старт тие ја прават разликата и затоа мораме да разбереме дали нашата брзина е иста како и на тестот и како ќе функционираат пневматиците на трката.“

Имаше гласини дека Кејси Стонер, кој возеше на тестот во Австрија, ќе учествува на трката, но сепак нема да дојде до тоа.

„Тој може да ни даде информации за другите возачи, дали тие прават нешто поинаку за да се обидеме и ние. Но освен тоа, секој возач има различен стил.“

Довициозо чека дури и повеќе од тимот на Ducati за да се врати на врвот. Неговата единствена победа во MotoGP се случи во 2009 година на патеката во Донингтон парк кога настапуваше за тимот на Repsol Honda.

Неговиот тимски колега, Андреа Јанон, кој беше најдобар на тестот, се уште нема победа во премиерната класа.

Back To Top