„Алваро Баутиста следната сезона ќе му се приклучи на Aspat Ducati во MotoGP серијата“

Aspar Ducati ја потврди долго очекуваната вест дека Алваро Баутиста ќе му се приклучи на тимот во 2017 година. Шпанецот ќе го добие „2016 Desmosedici“.

„Среќен сум што ќе се вратам во она што беше мој дом неколку сезони во Светскиот Шампионат, на местото каде што ги постигнав најдобрите резултати, вклучувајќи ја и титулата во 125cc, а исто така се борев за титулата и во категоријата од 250cc,“ изјави Баутиста.

„Среќен сум и мотивиран што ќе имам уште една авантура во MotoGP.  Пораснав многу низ годините и сега сум многу поискусен. Убеден сум дека ќе бидеме компетитивни следната сезона.“

bautista aspar

Во текот на седум годишната кариера, Баутиста настапуваше за Suzuki, Honda и Aprilia. Најуспешна сезона му беше онаа во 2012 година кога два пати се искачи на подиумот, еднаш имаше пол позиција и на крајот заврши на петото место во генералниот пласман.

„Големо задоволство ни е што Алваро Баутиста се враќа во тимот,“ изјави Хорхе Мартинез, тимскиот менаџер на Aspar. „Како тим, ние со него за прв пат ја освоивме титулата во 2006 година, а покрај тоа поминавме и прекрасно време заедно.“

„Нашиот професионален и личен однос  со него е одличен, а за тимот и спонзорите ова е одлична вест. Се надевам дека ќе ни донесе добри резултати. За нас е важно да имаме Шпански возач. Тој може да ни даде голема предност на патеката.“

Еден од актуелните возачи на Aspar, Џони Хернандез или Јуџин Лаверти, ќе му се приклучи на Баутиста следната сезона. Но, се претпоставува дека ќе настапуваат на GP15 машини.

Лаверти веќе стави до знаење дека ќе остане во тимот само под услов да има ист мотоцикл како и неговиот тимски колега. Доколку тоа не се случи, тогаш Ирецот ќе се врати во Светскиот Супербајк Шампионат каде што е цел на тимот на Aprilia.

Back To Top