22
Пон, Мај
MotoGP

MotoGP Аргентина: Задолжителна нова гума за сите возачи и уште еден тренинг

По вчерашниот инцидент на Скот Рединг заради гумите на Мишелин, од фабриката утринава излегоа со соопштение кое целосно може да го промени исходот на трката.

Следете нè на:

 

Со најновата одлука на Мишелин вчерашните квалификации можеби и воопшто не се важни. По инцидентот на Скот Рединг заради гумите на Мишелин во четвртиот тренинг, од фабриката утринава излегоа со соопштение кое целосно може да го промени исходот на трката.

Мишелин по разговорите со Дорна, ИРТА и сите тимови од МотоГП шампионатот одлучија да ги повлечат двете компоненти на гуми кои им беа достапни на возачите во досегашните сесии во Аргентина.

redding tyreДелот од гумата на Скот Рединг која се распадна на вчерашниот тренинг

Средната и тврда компонента („Medium“ и „Hard“) на Мишелин гумите сега ќе биде заменета со нова екстра („Extra“) гума. Како што налагаат и самите правила во МотоГП проиазводителот на гуми е задолжен да обезбеди екстра компонента во вакви случаи, па Мишелин тоа и го стори. Новата гума е изработена со поцврста конструкција, а компонентата е слична на средната која се возеше и до сега.

Заради задолжителните промени, сите тимови ќе добијат уште еден (петти) слободен тренинг на кој ќе имаат прилика да ги пробаат новите гуми. Тренингот ќе се одржи во 14 часот по наше време, а сеуште нема потврда дали ќе се пренесува во живо на СпортКлуб канлите. Тренингот ќе трае 30 минути по што ќе продолжат варм-ап сесиите (20 минути), а трката се вози вечерва со почеток од 21 часот.

  Недела (03.4.2016)
14:00 Слободен тренинг - MotoGP
14:40 Загревање - Moto 3
15:10 Загревање - Moto 2
15:40 Загревање - MotoGP
18:00 Трка - Moto 3 во живо (SK3)
19:20 Трка - Moto 2 во живо (SK3)
21:00 Трка - Moto GP во живо (SK3)

За оние кои ја немаат СпортКлуб 3 програмата во својата ТВ понуда стриминг ќе биде достапен на: http://www.sportcategory.com/c-10.html

comments

Би можело да ве интересира

Се чини дека Zero и Electrica добиваат сериозен конкурент откако Lightning Motocycles објавија дека ќе се вклучат во производството на електрични мотоцикли. Од компанијата објавија дека планираат да го тестираат прототипот кој ќе може со едно полнење да стигне од Лос Анџелес до Сан Франциско.

Dorna Sports оваа година тркањето го донесе во дневните соби откако го претстави возбудливиот MotoGP eSport шампионат. Можете да се вклучите и вие, а во случај да постигнете најдобар резултат, тогаш ќе добиете BMW M240i. За жал, нема да добиете мотоцикл.

Оф роуд мотоциклите ќе бидат забранети во некои делови од Дубаи со цел да се намали асоцијалното однесување.

Фабричкиот тим на Red Bull KTM, само што објави дека нивниот професионален возач, Рајан Данџи, одлучил да се повлече од натпреварувањето. Објавата следува кратко откако тој ја освои својата трета последователна титула во AMA 540SX шампионатот, притоа возејќи со фабричката верзија на 450 SX-F.

Возењето на Супермото е можеби едно од најинтересните работи што можете да ги направите на две тркала. Мотоцикли за нерамен терен опремени со улични гуми, супермото нуди одлична услови за возење низ град како и можност за вежбање на вашата техника на некоја пониска платформа.

Конечно пристигнаа! КТМ ги претстави првите двотактни мотоцикли со директно вбризгување на горивото кои имаат EXC TPI (Transfer Port Injection)

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!