24
Пон, Јул
MotoGP

MotoGP Argentina - Победа за Маркез на неверојатната трка

Возачот на Хонда, Марк Маркез, дојде до победа на возбудливата трка во Аргентина во која возачите беа обврзани да го заменат мотоциклот на средината од трката.

Следете нè на:

 

Возачот на Хонда, Марк Маркез, дојде до победа на возбудливата трка во Аргентина во која возачите беа обврзани да го заменат мотоциклот на средината од трката.

Заради проблемите со гумите на Мишелин дирекцијата на трката се одлучи за радикални промени кои влијаеа на исходот на истата. Наместо стандардните компоненти на гуми (мека, средна и тврда) по состанокот на Мишелин со тимовите и надлежните од Дорна во јавноста излезе соопштение дека сите возачи ќе настапат со новата компонента за пневматиците наречени „екстра“.

Иако беше договорено пред почетокот на трката да се вози уште еден тренинг на кој ќе се пробаат новите гуми, временските услови не го дозволија тоа, па беше одлучено дека сите ќе настапат со стандардните гуми но трката ќе трае 20 круга, а секој возач ќе мора да го промени мотоциклот во 9, 10 или 11 круг од трката.

PA1884580.0008Победа за Маркез во Аргентина

Возбудливиот старт беше навестување дека ќе следиме трка каква што не сме следеле до сега. Валентино Роси, Марк Маркез, Андреа Јанон, Андреа Довициозо, Хорхе Лоренцо и Маверик Вињалес беа во фокусот на вниманието. Лоренцо на самиот старт имаше проблеми со темпото па наместо на чело на колоната каде сме навикнати да го гледаме беше на крајот од водечката група. Маркез, Роси и двајцата возачи на Дукати од друга страна беа во постојана борба и доволно блиску за трката да биде неизвесна.

Потоа следуваше пад на Хорхе Лоренцо, а кон водечката група се приклучи и Маверик Вињалес кој прикажа фантастично возење. Кога возачите добија наредба да влезат во боксот никој не ни помислуваше дека веќе од излезот ќе биде познат победникот на трката, а уште помалку пак можеше да се претпостави што ќе се случува до крајот.

Маркез по излезот од боксот продолжи со истото темпо со кое и влезе, додека пак Валентино Роси кој возеше зад него се чинеше дека се врати на патеката со друг мотор. „Докторот“ никако не можеше да се врати во ритамот со кој се бореше активно за првата позиција со Маркез, неместо тоа следевме од круг во круг како предноста од возачот на Хонда до него постојано расте.

PA1883378.0008Роси од боксот како да излезе со погрешен мотор

Зад Роси разликата која тој ја имаше пред Вињалес, Јанон и Довициозо полека се топеше. Возачот на Сузуки како што најави и во интервјуто за нас имаше што да покаже. За жал на крајот Вињалес заврши во песокот крај патеката, и подиумот кој му се насмевниваше ќе мора да почека до некоја наредна прилика.

Јанон и Довициозо го поминаа Валентино Роси па последниот круг донесе возбудувања какви што не сме виделе до сега. Иако се чинеше дека се е познато, последниот свиок во Аргентина беше пресуден за возачите на Дукати и за исходот на трката. Андреа Јанон оптимистички влезе во последниот свиок, притоа доживеа пад во кој настрада и неговиот клубски колега Довициозо. Дукати наместо двајца возачи на подиумот на крајот остана без бодови, Валентино Роси среќно дојде до втората позиција, а на третото место се искачи Дани Педроса иако поголем дел од трката го возеше на средината од колоната. 

PA1885445.0008Последниот свиок во Аргентина донесе големи промени на пиедесталот

13 возачи ја завршија трката, 8 останаа без пласман па Јуџин Лаверти на четвртата позиција и Хектор Барбера на петтата е разбирлив исход. 

Резултати од трката:

1.Marc Marquez ESP Repsol Honda Team (RC213V) 34m 13.628s
2.Valentino Rossi ITA Movistar Yamaha MotoGP (YZR-M1) 34m 21.307s
3.Dani Pedrosa ESP Repsol Honda Team (RC213V) 34m 41.728s
4.Eugene Laverty IRL Aspar MotoGP Team (Desmosedici GP14.2) 34m 50.170s
5.Hector Barbera ESP Avintia Racing (Desmosedici GP14.2) 34m 50.339s
6.Pol Espargaro ESP Monster Yamaha Tech 3 (YZR-M1) 34m 50.873s
7.Stefan Bradl GER Factory Aprilia Gresini (RS-GP) 34m 54.981s
8.Bradley Smith GBR Monster Yamaha Tech 3 (YZR-M1) 35m 4.337s
9.Tito Rabat ESP Estrella Galicia 0,0 Marc VDS (RC213V)* 35m 4.611s
10.Alvaro Bautista ESP Factory Aprilia Gresini (RS-GP) 35m 15.016s
11.Aleix Espargaro ESP Team Suzuki Ecstar (GSX-RR) 35m 22.496s
12.Michele Pirro ITA Octo Pramac Yakhnich (Desmosedici GP15) 35m 32.615s
13.Andrea Dovizioso ITA Ducati Team (Desmosedici GP) 35m 47.047s
Andrea Iannone ITA Ducati Team (Desmosedici GP) DNF
Cal Crutchlow GBR LCR Honda (RC213V) DNF
Maverick Viñales ESP Team Suzuki Ecstar (GSX-RR) DNF
Scott Redding GBR Octo Pramac Yakhnich (Desmosedici GP15) DNF
Loris Baz FRA Avintia Racing (Desmosedici GP14.2) DNF
Jorge Lorenzo ESP Movistar Yamaha MotoGP (YZR-M1) DNF
Jack Miller AUS Estrella Galicia 0,0 Marc VDS (RC213V) DNF
Yonny Hernandez COL Aspar MotoGP Team (Desmosedici GP14.2) DNF

comments

Би можело да ве интересира

А2 мотоциклите се мостот за оние возачи кои не сакаат повеќе да возат мотоцикли со зафатнина од 125cc но кои се уште не можат да возат мотоцикли од А категорија.

Полицијата од Јужен Шилдс се обдува да го спречи антисоцијалното однесување од страна на мотоциклистите со помош на дронови, а цел на дронот се возачите за кои имаат информации дека возат невнимателно.

Кога сакате да се возите со некој пријател но не сакате тој да седи заедно со вас на мотоциклот, или пак кога треба да пренесете голем број на работи, тогаш страничната приколка за мотоцикл е токму она што ви треба. Погледнете ги овие пет навистина интересни приколки.

Suzuki Gixxer купот ја започна својата трета сезона, како и секогаш со несебична поддршка од страна на Motul. Од 7-ми до 9-ти јули на патеката Кари во Коимбаторе (Индија), посетителите имаа можност да уживаат во новите аспекти кои ги воведоа организаторите со цел уште повеќе да го подобрат концептот на натпреварувањето.

Уште еден дел од сложувалката за 2018 година си дојде на свое место. Во понеделникот, Aspar потврди дека Алваро Баутиста го продолжи договорот и ќе остане дел од тимот и во 2018 година.

MotoGP мотоциклите во последниот период станаа неверојатно комплицирани и на рачките има голем број на копчиња за контрола на возењето. Но Скот Рединг од тимот на Pramac Ducati ќе ни го објасни значењето на секое од нив посебно.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!