Педроса потврди дека ги чека многу работа пред втората трка од шампионатот која ќе се оддржи викендов на патеката во Аргентина.

Дани Педроса можеби ги надмина проблемите со раката, но сепак беше послаб на трката во Катар оваа година за разлика од минатата, после која се повлече и замина на операција.

Педроса заврши на шестото место со заостанување од 10.755 секунди од победникот во 2015 година, за разлика од оваа година кога заврши на петото место но заостануваше 14.083 секунди од победникот на трката.

PA1868244.0008

Honda сè уште се адаптира на новиот ECU софтвер, а исто така и се уште се прилагодуваат на новите пневматици на Michelin. Педроса потврди дека ги чека многу работа пред втората трка од шампионатот која ќе се оддржи викендов на патеката во Аргентина.

„Во Катар забележавме напредок во споредба со зимските тестови. Ја подобривме брзината и успеав да да имам конзистентност во текот на трката.“

„Добро е што немав проблеми со раката и што успеавме да научиме нови работи за мотоциклот. Но тоа се уште не е доволно. Мораме уште да го подобриме мотоциклот за да бидеме побрзи, бидејќи во моментов разликата со лидерите е голема. Тоа ќе биде нашата цел во Аргентина.“

„Не се натпреварував тука минатата сезона, но имам добри сеќавања од трката во 2014 година. Ми се допаѓа патеката и се надевам дека ќе направиме еден чекор погоре.“

Неговиот тимски колега Марк Маркез заврши на преттото место во Катар. 

Back To Top