motori argentina-gpТрката за Големата Награда на Аргентина (Gran Premio de la República Argentina) која требаше да се вози на патеката „Termas de Rio Hondo“ е отстранета од календарот на МотоГП трки за следната сезона.

argentina-gp

Трката за Големата Награда на Аргентина (Gran Premio de la República Argentina) која требаше да се вози на патеката „Termas de Rio Hondo“ е отстранета од календарот на МотоГП трки за следната сезона. Шпанската влада кон средината на месец Јуни издаде препорака до сите тимови и возачи спонзорирани од „Repsol“ да не патуваат во Аргентина заради безбедносни причини. Иако се работеше за политичка одлука, Дорна одлучи да ја суспендира патеката се додека не се повлече извештајот на шпанската влада. Случајно или не, одлуката беше повлечена на 20-ти ноември, а крајниот рок за подготовката на календарот за 2013 година беше 18-ти ноември. 

Дорна го достави календарот до ФИМ според планот, без трката во Аргентина, но потоа јавно ги пофали аргентинците дека направиле одлична работа со патеката. Тапкањето по рамо нема да ја промени одлуката за возењето на трката, но гарантира дека Аргентинското Гранд При ќе го следиме од 2014 година.

Back To Top