Андреа Јанон доби казна откако го собори тимскиот колега Андреа Довициозо на трката во Аргентина.

Андреа Јанон доби казна од три места подолу на стартот во недела на патеката „Circuit of the Americas“ во Тексас, САД. Покрај тоа, тој доби и казнени поени бидејќи се судри со тимскиот колега Андреа Довициозо на трката во Аргентина.

Двоецот беше на второто и третото место во последниот пред Јанон да се обиде да го претекне Довициозо во последниот свиок. Тој загуби контрола над мотоциклот и го собори својот колега.

„На 3ти Април 2016 година за време на трката во Аргентина, премногу оптимистички се обиде да го претекнеш возачот со број 4. Загуби контрола над твојата машина и тоа резултираше со пад на вториот возач,“ пишува во соопштението на Дирекцијата на трката.

PA1885445.0008

Back To Top