„Оваа патека не секогаш перфектно му одговара на нашиот мотоцикл но во текот на изминативе години остваривме неколку победи тука и затоа никогаш не се знае, особено оваа сезона со новите пневматици “- Хорхе Лоренцо

Возачот на Movistar Yamaha, Хорхе Лоренцо, вети дека до крај ќе се бори за победа на трката која се оддржува на неговиот домашен терен и  најави враќање на победничките патеки.

Лоренцо, кој последната победа ја оствари во Мај на трката во Муџело, заостанува 18 бодови зад тимскиот колега Валентино Роси.

PA2018217.0008

Актуелниот светски шампион има огромна желба да се бори за првото место. И покрај тоа што смета дека оваа патека во изминативе неколку сезони не одговара перфектно на неговиот мотоцикл, според него, новата електроника како и пневматиците на Michelin би можеле да направат голема разлика.

„И покрај големите очекувања во Мисано, успеавме да се вратиме на подиумот после неколку лоши трки. Во Мисано работевме одлично во текот на целиот викенд но сепак на крајот Дани Педроса и Валентино беа побрзи од нас. Но и покрај тоа, сепак успеавме да се искачиме на подиумот и успеавме да го подготвиме мотоциклот на вистинскиот начин,“ изјави Лоренцо.

„Сега е време да заминеме во Арагон. Оваа патека не секогаш перфектно му одговара на нашиот мотоцикл но во текот на изминативе години остваривме неколку победи тука и затоа никогаш не се знае. Особено оваа сезона, предизвикот со новите пневматици е поголем. Со нетрпение чекам да ја започнам трката и ќе се обидам да остварам победа. “

Арагон е претпоследната трка која ќе се оддржи во Европа. Следните три трки ќе се оддржат во Јапонија, Малезија и Австралија а потоа во Ноември, во Валенсија, ќе се оддржи и последната трка од  шампионатот. 

Back To Top