24
Вто, Јан
MotoGP

MotoGP: Арагон е домаќин на 14-та рунда

МотоГП шампионатот дојде до 14-та од вкупно 18 рунди, која викендов ќе се вози на патеката Арагон во Шпанија.

Следете нè на:

 

14Aragon14Mgp JOC8825Стартот на трката на Арагон во 2014 година

МотоГП шампионатот дојде до 14-та од вкупно 18 рунди, која викендов ќе се вози на патеката Арагон во Шпанија.

Ултра-модерната патека беше изградена во 2010 година, по што ги собра сите пофалби, како од возачите така и од публиката. 

Патеката е со должина од 5.077м, составена е од 17 свиоци од кои 10 се леви, а 7 десни. Најдолгиот правец на Арагон е со должина од 968м.

Минатата година по многуте превирања на патеката победата му припадна на Хорхе Лоренцо, второто место на Алеш Еспергаро, а трет беше Кал Крачлоу. Годинава се очекува сосема поинаков распоред на пиедесталот, но да почекаме до недела и да го видиме исходот од трката.

Пренос во живо ќе има на Спорт Клуб каналот од сите сесии според следниот распоред:

Спорт Клуб 3

СК3 Петок (25.09.2015)
09:00 Тренинг 1 Moto 3 во живо
09:55 Тренинг 1 Moto GP во живо
10:55 Тренинг 1 Moto 2 во живо
13:10 Тренинг 2 Moto 3 во живо
14:05 Тренинг 2 Moto GP во живо
15:05 Тренинг 2 Moto 2 во живо

Спорт Клуб 3

СК3 Сабота (26.09.2015)
09:00 Тренинг 3 Moto 3 во живо
09:55 Тренинг 3 Moto GP во живо
10:55 Тренинг 3 Moto 2 во живо
12:35 Квалификации Moto 3 во живо
13:30 Тренинг 4 Moto GP во живо
14:10 Квалификации Moto GP во живо
15:05 Квалификации Moto 2 во живо

Спорт Клуб 3

СК3 Недела (27.09.2015)
08:40 Warm up Moto 3 во живо
09:10 Warm up Moto 2 во живо
09:40 Warm up Moto GP во живо

Спорт Клуб 1

СК1 Недела (27.09.2015)
11:00 Трка Moto 3 во живо
12:20 Трка Moto 2 во живо
14:00 Трка Moto GP во живо
comments

Би можело да ве интересира

MotoGP екипата на Дукати го претстави својот тим за сезоната 2017.

ФИМ и Дорна денеска го потврдија календарот на МотоГП трки за 2017 година.

Еден од најпознатите тркачи на јавните патишта, Гај Мартин, реши да се врати на натпреварувањето откако потпиша договор со Honda Racing. Мартин ќе му се придружи на Џон Мекгинис и заедно ќе се натпреваруваат на North West 200 и Isle of Man TT. И двајцата возачи ќе настапат со Honda CBR1000RR SP2.

Италијанската компанија оствари соработка со Diesel, за да создадат лимитирана верзија на Diavel кој сигурно ќе им се допадне на сите љубители на Mad Max или на Bioshock.

Ја имавме првата можност да ги видиме Валентино Роси и Маверик Вињалес во новите униформи и за прв пат можевме да ја видиме Yamaha YZR-M1.

Во канцеларијата на Американското регулаторно тело во моментов се разгледува опцијата за воведување на 100% данок на увоз за Европските мотоцикли кои се со зафатнина од 50 до 500cc.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!