21
Саб, Јан
MotoGP

MotoGP: 4-та пол позиција за Лоренцо

Возачот на Јамаха тимот во МотоГП, Хорхе Лоренцо, дојде до 4-та пол позиција во сезоната по фантастичната борба со својот клубски колега Валентино Роси на патеката Мотеги.

Следете нè на:

 

99 lorenzo lg4 6539 0.big4-та пол позиција за Лоренцо во шампионатот

Возачот на Јамаха тимот во МотоГП, Хорхе Лоренцо, дојде до 4-та пол позиција во сезоната по фантастичната борба со својот клубски колега Валентино Роси на патеката Мотеги.

За време на Q2 сесијата бевме сведоци на неверојатна борба помеѓу двајцата возачи на Јамаха која на крајот заврши во полза на Лоренцо со предност од само 0.081 секунди. 

Роси знаеше дека не смее да му дозволи на Лоренцо да дојде до голема предност пред стартот на утрешната трка, имајќи во предвид дека 6-те победи во шампионатот Лоренцо ги извојува како водечки од почетокот до крајот. Роси направи фантастичен напор и успеа да намали цела секунда од времето кое го имаше на тренинзите за утрешната трка да ја стартува од втората позиција. 

Марк Маркез иако вози со скршеница на левата рака прикажа одлични перформанси и воопшто не покажа дека има проблеми, напротив возачот на Хонда успеа да забележи трето време на квалификациите и ќе стартува од првиот ред на утрешната трка.

Вториот ред го предводи дуото на Дукати, Андреа Довициозо и Андреа Јанон, додека пак последен од вториот ред ќе стартува Дани Педроса.

Во продолжение и целосните резултати од квалификациите:

Поз.Бр.ВозачЗемјаТимМоторКм/чВремеРазлика
1 99 Jorge LORENZO SPA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha 302.9 1'43.790  
2 46 Valentino ROSSI ITA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha 303.3 1'43.871 0.081 / 0.081
3 93 Marc MARQUEZ SPA Repsol Honda Team Honda 306.4 1'44.216 0.426 / 0.345
4 4 Andrea DOVIZIOSO ITA Ducati Team Ducati 309.7 1'44.322 0.532 / 0.106
5 29 Andrea IANNONE ITA Ducati Team Ducati 312.4 1'44.436 0.646 / 0.114
6 26 Dani PEDROSA SPA Repsol Honda Team Honda 308.9 1'44.582 0.792 / 0.146
7 41 Aleix ESPARGARO SPA Team SUZUKI ECSTAR Suzuki 296.7 1'44.809 1.019 / 0.227
8 35 Cal CRUTCHLOW GBR LCR Honda Honda 302.7 1'44.932 1.142 / 0.123
9 38 Bradley SMITH GBR Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 304.7 1'45.067 1.277 / 0.135
10 25 Maverick VIÑALES SPA Team SUZUKI ECSTAR Suzuki 300.2 1'45.081 1.291 / 0.014
11 44 Pol ESPARGARO SPA Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 301.8 1'45.219 1.429 / 0.138
12 45 Scott REDDING GBR EG 0,0 Marc VDS Honda 301.0 1'45.333 1.543 / 0.114

Недела во живо на СпортКлуб 3

01:40 Warm up Moto 3 во живо
02:10 Warm up Moto 2 во живо
02:40 Warm up Moto GP во живо

Недела во живо на СпортКлуб 1

04:00 Трка Moto 3 во живо
05:20 Трка Moto 2 во живо
07:00 Трка Moto GP во живо

За оние кои ги немаат СпортКлуб каналите во својата ТВ понуда стриминг ќе биде достапен на: www.sportcategory.com/c-10.html

До крајот на шампионатот по трката во Јапонија преостануваат само уште три трки: Филип Ајленд во Австралија, Сепанг во Малезија и Валенсија во Шпанија.

comments

Би можело да ве интересира

Tимовите почнаа да ги презентираат нивните нови обележја, нови спонзори и нови тимови за 2017 година.

Suzuki ни ја престави новата линија на супербајк мотоцикли на саемот „EICMA“ во Милано, а денеска пристигна информацијата за цената на новите модели во САД.

Се наближува првиот хипстерски состанок на годината и сигурно се прашувате како да се издвоите од сите тие луѓе кои имаат иста брада и чудни пантолони? Пристигнете на состанокот возејќи 1911 Harley-Davidson модел 7 или пак поексклузивниот 1914 Sears Deluxe.

Болоња му посака добредојде на новиот Ducati Scrambler ресторан, место кое има за цел да ги собере сите љубители на мотоциклите.

Британскиот победник на релито Дакар 2017, Сем Сандерленд, вели дека се уште е во шок од резултатот кој го постигна на овогодинешната трка.

Возачот на Monster Energy Honda, Јоан Бареда, оствари нова победа на десетатата етапа од релито Дакар 2017. Денот беше драматичен и многу возачи имаа проблеми со навигацијата на стазата која беше со должина од 400 километри.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!