22
Саб, Јул
MotoGP

МотоГП 2012: Нека започнат возбудувањата!

thumb_Motogp_2012Пред само неколку месеци ги следевме последните МотоГП возбудувања за 2011. Кејси Стонер, Штефан Брадл и Нико Терол беа крунисани за Светски Шампиони во своите класи, а веќе сите се со мислите кон новата МотоГП сезона..

Следете нè на:

 

Motogp_2012

Пред само неколку месеци ги следевме последните МотоГП возбудувања за 2011. Кејси Стонер, Штефан Брадл и Нико Терол беа крунисани за Светски Шампиони во своите класи, а веќе сите се со мислите кон новата МотоГП сезона. Првиот официјален зимски тест утре ќе се одржи на патеката Сепанг во Малезија, тестирањето започнува на 31-ви Јануари, а ќе трае до 2-ри Февруари.

Сезоната и годинава ќе започне на спектакуларната патека Лосаил во Катар со ноќната трка, а ќе заврши со последната трка во Валенсија на легендарната патека Рикардо Тормо. Нај талентираните возачи годинава ни доаѓаат од Австралија, Шпанија, Италија, САД, В. Британија, Германија... возачи кои ќе се борат до последниот свиок за титулите во трите класи: МотоГП, Мото2 и Мото3.

18 трки за 8 месеци (од Април до Ноември), возејќи на патеки во 13 земји со најпознатите светски производители (Хонда, Јамаха и Дукати), како и ЦРТ тимовите (прототипни мотори со модифицирани мотори од стандардно производство кои се снабдени од Априлиа, БМВ, Хонда..). Фановите во повеќе од 200 земји низ светот ќе имаат можност да ги следат трките преку пренос на телевизија, а за Македонија сеуште е неизвесно што ќе се случи со ТВ правата. Се надеваме дека нема да се најдеме во истата ситуација како минатата година кога сопственикот на правата не ги пренесуваше трките, а истовремено побара од Советот за Радио дифузија да забрани прикажување на странските канали кои вршеа пренос од МотоГП.

Десетици милиони посетители низ целата сезона, поткрепени со 13.000 новинари кои го следат најпопуларното мото натпреварување во светот се доволен мотив да ги следите и вие возбудувањата од МотоГП. Секоја трка во календарот има своја уникатна атмосфера, историја, свиоци кои дозволуваат атрактивни претекнувања, адреналин, едноставно забава за возачите и публиката.

Сето тоа го прави МотоГП она што е, мотори.ком.мк како акредитиран он-лајн медиум преку целата сезона ќе ве снабдува со ексклузивни фотографии и информации за возачите и тимовите, а вие само треба да уживате во трките. Нека започне забавата!

comments

Би можело да ве интересира

А2 мотоциклите се мостот за оние возачи кои не сакаат повеќе да возат мотоцикли со зафатнина од 125cc но кои се уште не можат да возат мотоцикли од А категорија.

Полицијата од Јужен Шилдс се обдува да го спречи антисоцијалното однесување од страна на мотоциклистите со помош на дронови, а цел на дронот се возачите за кои имаат информации дека возат невнимателно.

Кога сакате да се возите со некој пријател но не сакате тој да седи заедно со вас на мотоциклот, или пак кога треба да пренесете голем број на работи, тогаш страничната приколка за мотоцикл е токму она што ви треба. Погледнете ги овие пет навистина интересни приколки.

Suzuki Gixxer купот ја започна својата трета сезона, како и секогаш со несебична поддршка од страна на Motul. Од 7-ми до 9-ти јули на патеката Кари во Коимбаторе (Индија), посетителите имаа можност да уживаат во новите аспекти кои ги воведоа организаторите со цел уште повеќе да го подобрат концептот на натпреварувањето.

Уште еден дел од сложувалката за 2018 година си дојде на свое место. Во понеделникот, Aspar потврди дека Алваро Баутиста го продолжи договорот и ќе остане дел од тимот и во 2018 година.

MotoGP мотоциклите во последниот период станаа неверојатно комплицирани и на рачките има голем број на копчиња за контрола на возењето. Но Скот Рединг од тимот на Pramac Ducati ќе ни го објасни значењето на секое од нив посебно.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!