MotoGP

MotoGP: Превирањата пред последната трка не запираат

Остануваат само уште неколку денови до нај очекуваниот мото настан во годината, а превирањата во МотоГП шампионатот никако да престанат.

Следете нè на:

 

Rossi vs Marquez Sepang Clash 2015 3Роси и Маркез пред сударот во Сепанг

Остануваат само уште неколку денови до нај очекуваниот мото настан во годината, а превирањата во МотоГП шампионатот никако да престанат.

Вчера беше објавено дека стандардната прес конференција која се одржува во петок пред секоја МотоГП трка ќе биде откажана, а наместо тоа сите возачи и тимови ќе имаат состанок со претседателите на Дорна и ФИМ. Потоа беше објавенo дека иако нема да имаат заедничка прес конференција, возачите ќе им се обратат на новинарите еден по еден.

„Војната“ во која има три засегнати страни никако да намали со својот интензитет, откако пред два дена извршниот претседател на Хонда даде изјава со директни обвинувања за Роси, денеска од Јамаха пристигна демант во кој се вели:

„Тимот на Јамаха сака да изрази несогласување со ставовите кои се искажани од страна Репсол медиа сервисот на 25-ти октомври и интервјуто на г-н Шухеи Накамото на 2-ри ноември во врска со инцидентот помеѓу Марк Маркез и Валентино Роси. Во двата извештаи се спомнува удирање на Маркез од страна на Роси, иако такво нешто не беше докажано од страна на Дирекцијата на трката која ја спроведе истрагата. Ги одбиваме ваквите искази кои не се во согласност со вистината и со наодите на комисијата. Јамаха не сака да влегува во било каква понатамошна дискусија за несреќниот настан, и сакаме да ја завршиме сезоната на најдобар можен начин“.

Неколку часа подоцна во текот на денот пристигна и пресот од Арбитражниот суд за спорт во кој се вели дека барањето на Лоренцо да учествува во дискусијата за казната на Роси е одбиено. Во образложението се вели дека барањето на Лоренцо кое било доставено на 2-ри ноември е одбиено и дека спорот за казната е единствено помеѓу Валентино Роси и ФИМ. Според пропозициите, доколку има трета страна која има интерес од некој спор може да побара да учествува во арбитражата, но CAS (Court of Arbitration for Sport) одлучи да го одбие Лоренцо. Судот потсети дека има рок до петок да одлучи во врска со барањето на Роси.

Само уште неколку денови не делат од она што се очекува да биде нај гледаниот мото настан во историјата...

comments

Би можело да ве интересира

Yamaha и Tech3 објавија дека 2018 ќе биде последна година за нив како партнери во MotoGP Светскиот Шампионат

Луѓето од „Jennings“ повторно имаат нешто интересно за нас. Овој пат се мото компании кои произведуваат автомобили.

Италијанецот призна дека не очекува да биде компетитивен на првата трка која ќе се оддржи на патеката во Катар следниот месец. Во текот на минатата сезона, тој постојано имаше проблем со забрзувањето.

Неколку зборови зошто аеродинамиката е важна и зошто тимовите посветуваат толку внимание на неа.

Поради проблеми со менувачот, компанијата одлучи да повлече 4000 примероци од главниот супербајк модел.

Мото индустријата понекогаш може да биде навистина конфузна. Секој ден читаме дека продажбата се намалува но речиси секоја втора недела пишуваме дека некои од големите производители постигнал успех во продажбата на мотоцикли во 2017 година.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!