22
Вто, Авг
MotoGP

MotoGP: Четврта пол позиција за Маркез

Возачот на Репсол Хонда тимот, почетникот во МотоГП, Марк Маркез дојде до четвртата пол позиција во сезоната на патеката Индијанаполис пред трката која се вози утре со почеток во 20 часот по наше време.

Следете нè на:

 

lorenco-4-polЧетврта пол позиција во МотоГП за Маркез

Возачот на Хонда тимот по четврти пат ќе стартува од првата позиција!

Возачот на Репсол Хонда тимот, почетникот во МотоГП, Марк Маркез дојде до четвртата пол позиција во сезоната на патеката Индијанаполис пред трката која се вози утре со почеток во 20 часот по наше време.

Маркез доминираше и на претходните тренинг сесии, а на квалификациите успеа и да забележи нов рекорд на патеката со време од 1.37,958

Од втората позиција трката ќе ја започне Хорхе Лоренцо, а првиот ред го комплетира Дани Педроса. Крачлоу кој исто така прикажа одлично возење ќе го започне вториот ред, пред Баутиста и Хејден.

Штефан Брадл доживеа пад на квалификациите во последната минута, падот за среќа помина без никакви проблеми за него, но времето кое претходно го забележа беше доволно за осма позиција. Валентино Роси не покажа ништо посебно па веројатно деветата позиција доаѓа и заслужено за него.

Утрешната трка започнува во 20 часот по наше време, пренос можете да следите на СпортКлуб каналот или преку стриминг на http://www.sportcategory.com/c-10.html, а организирано гледање ќе има во GP Cafe (кај СЦ Борис Трајковски).

 

Поз.Бр.ВозачТимМоторКм/чВремеРазлика
1 93 Marc MARQUEZ Repsol Honda Team Honda 335.5 1'37.958  
2 99 Jorge LORENZO Yamaha Factory Racing Yamaha 332.2 1'38.471 0.513 / 0.513
3 26 Dani PEDROSA Repsol Honda Team Honda 338.1 1'38.485 0.527 / 0.014
4 35 Cal CRUTCHLOW Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 332.4 1'38.502 0.544 / 0.017
5 19 Alvaro BAUTISTA GO&FUN Honda Gresini Honda 336.0 1'38.872 0.914 / 0.370
6 69 Nicky HAYDEN Ducati Team Ducati 333.8 1'39.142 1.184 / 0.270
7 38 Bradley SMITH Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 330.9 1'39.255 1.297 / 0.113
8 6 Stefan BRADL LCR Honda MotoGP Honda 336.7 1'39.313 1.355 / 0.058
9 46 Valentino ROSSI Yamaha Factory Racing Yamaha 333.1 1'39.356 1.398 / 0.043
10 4 Andrea DOVIZIOSO Ducati Team Ducati 334.1 1'39.555 1.597 / 0.199
11 29 Andrea IANNONE Energy T.I. Pramac Racing Ducati 330.8 1'40.042 2.084 / 0.487
12 5 Colin EDWARDS NGM Mobile Forward Racing FTR Kawasaki 318.4 1'40.372 2.414 / 0.330
comments

Би можело да ве интересира

Се одлучивте за прв пат да ја посетите тркачката патека на еден од отворените денови, во продолжение ќе прочитате сè што треба да знаете за новото искуство.

Уште еден потпис на МотоГП возач за следната сезона, Карел Абрахам го продолжи договорот со тимот на Aspar.

Тимот на LCR Honda денеска соопшти дека од следната сезона ќе има двајца возачи, освен Кал Крачлоу за тимот ќе настапува и Такаки Накагами. 

Со цел да се подигне мото културата, да се насочи енергијата на младите возачи на вистинското место, а можеби и да се пронајде некој нов Роси од нашите простори во план е организација на слободен тренинг на патеката Серез во Грција.

Тимот на „Aruba.it Racing - Ducati“ и Марко Меландри со заедничко соопштение денеска објавија дека ја продолжуваат соработката и во 2018 година во Motul Superbike шампионатот.

Марк Маркез призна дека воопшто не размислувал за борбата за титулата откако во последниот круг се обиде да го претекне Андреа Довициозо. Вели, ако не се обидев, немаше да можам да заспијам.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!