23
Пон, Јан
MotoGP

Moto2: Forward Racing му посака добредојде на полубратот на Валентино Роси

Forward Racing официјално потврди дека Лука Марини, полубратот на Валентино Роси, следната година ќе дебитира во Moto2 шампионатот.

Следете нè на:

 

Luca MariniЛука Марини, полубратот на Валентино Роси, следната година ќе дебитира во Moto2 шампионатот

Forward Racing официјално потврди дека Лука Марини, полубратот на Валентино Роси, следната година ќе дебитира во Moto2 шампионатот.

Името на Марини стоеше заедно со името на Лоренцо Балдасари, уште еден возач од VR46 академијата, на списокот на можни возачи за 2016 година. Сега и официјално е потврдено дека 18 годишниот возач потпишал неколку годишен договор.

Марини го имаше своето деби во Moto3  шампионатот во 2013 година на трката која се возеше во Мизано. Оваа година на истата патека заврши на 21-то место но во Moto2 CEV шампионатот.

„Во исто време сум среќен и возбуден поради оваа одлична можност,“ изјави Марини. „Следната сезона ќе биде многу напорна и важна. Возењето за Forward Racing е одлична можност за мене да созреам и да научам многу работи од тимот и од моите колеги. Сакам да ја искористам оваа можност!  Сакам да им се заблагодарам на Џовани и на VR46 академијата за оваа можност и се надевам дека ќе им се оддолжам за довербата што ја имаат во мене.“

Куцари додаде: „Навистина сум среќен што го најавувам новиот возач за 2016 година. Лука е млад возач и горди сме што ќе го имаме во нашиот тим. Лука ќе вози заедно со Балда. Двајцата ќе бидат тим од талентирани, млади италијански возачи.Тоа што ја имаме поддршката од VR46 академијата уште повеќе го зголемува моето задоволство.“

Балдасари заврши на деветото место на овогодинешниот светски шампионат. Врв на сезоната му беше местото на подиумот кое го освои на трката на Филип Ајленд.

Откако го комплетираше тимот за оваа сезона, Moto 2 шампионатот ќе биде единственото нешто на што ќе се фокусира тимот на Forward Racing, заедно со новиот проект што го имаат во WSBK шампионатот со екипата на MV Agusta.

 

comments

Би можело да ве интересира

MotoGP екипата на Дукати го претстави својот тим за сезоната 2017.

ФИМ и Дорна денеска го потврдија календарот на МотоГП трки за 2017 година.

Еден од најпознатите тркачи на јавните патишта, Гај Мартин, реши да се врати на натпреварувањето откако потпиша договор со Honda Racing. Мартин ќе му се придружи на Џон Мекгинис и заедно ќе се натпреваруваат на North West 200 и Isle of Man TT. И двајцата возачи ќе настапат со Honda CBR1000RR SP2.

Италијанската компанија оствари соработка со Diesel, за да создадат лимитирана верзија на Diavel кој сигурно ќе им се допадне на сите љубители на Mad Max или на Bioshock.

Ја имавме првата можност да ги видиме Валентино Роси и Маверик Вињалес во новите униформи и за прв пат можевме да ја видиме Yamaha YZR-M1.

Во канцеларијата на Американското регулаторно тело во моментов се разгледува опцијата за воведување на 100% данок на увоз за Европските мотоцикли кои се со зафатнина од 50 до 500cc.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!