MotoGP

Moto 2: Suter ќе паузира во 2018 година

Швајцарскиот производител на шасии Suter, објави дека ќе ја пропуштат сезоната 2018 во Moto2 шампионатот бидејќи сакаат да се концентрираат на развојот на машината која е специјално развиена за Triumph 765cc.

Следете нè на:

 

Швајцарскиот производител на шасии Suter, објави дека ќе ја пропуштат сезоната 2018 во Moto2 шампионатот бидејќи сакаат да се концентрираат на развојот на машината која е специјално развиена за Triumph 765cc.

Иако ваквата информација доаѓа како изненадување, тимскиот шеф, Ескил Сутер вели дека сега не е вистински момент за да бидат инволвирани во натпреварувањето и призна дека од стратешка гледна точка, еден тим не го оправдува нивното учество во Moto2 светскиот шампионат.

suter001

Сепак, ова не е прв пак како Suter носи ваква одлука. Тие ја пропуштија и сезоната 2015 со цел да се концентрираат на развојот на машината за следната сезона. Иако сега нема да развиваат нов мотоцикл, CBR600 рамот со сигурност ќе биде барана од страна на тимовите кои ќе бидат дел од новата GP2 класа која беше најавена минатата недела.

Компанијата исто така ќе продолжи со развојот на нов мотоцикл кој ќе го има Triumph triple моторот и кој се планира да дебитира во 2019 година. Возачот од BSB серијата, Џејк Диксон, ќе биде главен дел од развојот на тимот следната сезона.

 

Би можело да ве интересира

„Можеме да се бориме за победа, но Хорхе и Марк исто така се добри на оваа патека. Затоа сметам дека воопшто нема да биде лесно“ - Андреа Довициозо.

Пред вас е Suzuki GSX-R1000 – Ryuyo, супербајк кој има 209 коњски сили и тежина од 167 килограми. За жал, од овој модел ќе бидат произведени само 20 примероци кои ќе имаат цена од 29.990 евра.

Марк Маркез призна дека добро се справува со периодот во кој нема постигнато ниту една победа во премиерната класа.

Можеби тоа е само земја на слободи во однос на полуавтоматските оружја. Но се чини дека во иднина жителите на Америка нема да имаат избор во однос на тоа каков мотоцикл ќе можат да купат.

Валентино Роси вели дека се разгледува идејата за радикална промена кај Yamaha со цел да се решат проблемите со кои се соочува тимот.

Moto Guzzi ја претстави новата спортска верзија на нивниот Moto Guzzi V9 Bobber кој сега ќе има поголеми тркала, единечно седиште и црн издув.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!