21
Пет, Јул
MotoGP

MotoGP: Трета победа во низа за Лоренцо

Хорхе Лоренцо, возачот на Movistar Yamaha тимот во МотоГП шампионатот дојде до третата победа во низа на трката за Големата Награда на Италија која се возеше на патеката Муџело.

Следете нè на:

 

lorenco muggelo 2015Лоренцо со третата победа по ред се доближи на само 6 бода зад Роси во генералниот пласман

Хорхе Лоренцо, возачот на Movistar Yamaha тимот во МотоГП шампионатот дојде до третата победа во низа на трката за Големата Награда на Италија која се возеше на патеката Муџело.

Илјадници домашни фанови на легендарната патека Муџело ја прославија победата на Лоренцо, но и успехот на нивниот миленик Валентино Роси кој заврши на третата позиција. Успехот за Италијанците го надополни Андреа Јанон кој со своето Дукати дојде до втората позиција на трката на која стартуваше од пол позицијата.

Стартот на трката во која фаворитите не беа на посакуваните позиции (Роси на 8-та, Маркез на 13-та стартна позиција) донесе многу возбудувања, па така по првиот свиок Лоренцо се најде зад Јанон и Довициозо кои ветуваа многу за тимот на Дукати. Сепак до крајот на првиот круг Лоренцо покажа дека претходните две победи не се случајни, па така го превзема водството кое не го испушти до крајот на трката.

Првата позиција на Лоренцо беше загрозена единствено од Марк Маркез, кој и покрај тоа што имаше катастрофален резултат на квалификациите и трката ја започна од 13-та позиција, успеа да дојде до задното тркало на водечкиот Лоренцо. Шпанецот во тој момент покажа дека е сериозен кандидат за освојување на титулата, правејќи разлика која потоа беше недостижна за останатите возачи и мирно дојде до третата победа во низа.

Трката во Муџело секако ја одбележи и возењето на Маркез, возачот на Хонда тимот имаше фантастични перформанси и како воопшто да не му пречеше тоа што стартуваше од петтиот ред, па така за кусо време се вклучи во борбата за првите позиции, заедно со Јанон, Довицозо и Педроса. Сепак темпото кое го наметна и агресивното возење се покажа како погубно за него откако доживеа пад на само неколку круга до крајот, по што остана без бодови од трката во Муџело. Падот на Маркез значеше трета позиција за неговиот клубски колега Дани Педроса, се до моментот кога Валентино Роси успеа да го помине, а Педроса мораше да се задоволи со четвртата позиција.

Одличната трка во Муџело ги размрда работите во генералниот пласман, по трите последователни победи Лоренцо е сега само шест поени зад водечкиот Роси кој има 118 поени, на третата позиција се наоѓа Андреа Довициозо со 83, два повеќе од вториот возач на Дукати, Андреа Јанон. Марк Маркез е на петтата позиција во генералниот пласман со 69 поени по 6 извозени трки.

Следната трка се вози на 14 јуни на патеката Каталуња во Шпанија.

Поз.ПоениБр.ВозачЗемјаТимМоторВреме
1 25 99 Jorge LORENZO SPA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha 41'39.173
2 20 29 Andrea IANNONE ITA Ducati Team Ducati +5.563
3 16 46 Valentino ROSSI ITA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha +6.661
4 13 26 Dani PEDROSA SPA Repsol Honda Team Honda +9.978
5 11 38 Bradley SMITH GBR Monster Yamaha Tech 3 Yamaha +15.284
6 10 44 Pol ESPARGARO SPA Monster Yamaha Tech 3 Yamaha +15.665
7 9 25 Maverick VIÑALES SPA Team SUZUKI ECSTAR Suzuki +23.805
8 8 51 Michele PIRRO ITA Ducati Team Ducati +29.152
9 7 9 Danilo PETRUCCI ITA Octo Pramac Racing Ducati +32.008
10 6 68 Yonny HERNANDEZ COL Octo Pramac Racing Ducati +34.571
11 5 45 Scott REDDING GBR EG 0,0 Marc VDS Honda +38.553
12 4 76 Loris BAZ FRA Athinà Forward Racing Yamaha Forward +42.158
13 3 8 Hector BARBERA SPA Avintia Racing Ducati +44.801
14 2 19 Alvaro BAUTISTA SPA Aprilia Racing Team Gresini Aprilia +50.435
15 1 50 Eugene LAVERTY IRL Aspar MotoGP Team Honda +53.060
16   63 Mike DI MEGLIO FRA Avintia Racing Ducati +1'15.265
17   17 Karel ABRAHAM CZE AB Motoracing Honda +1'15.381
18   33 Marco MELANDRI ITA Aprilia Racing Team Gresini Aprilia +1'41.840
Без пласман
    35 Cal CRUTCHLOW GBR CWM LCR Honda Honda 3 Круга
    93 Marc MARQUEZ SPA Repsol Honda Team Honda 6 Круга
    4 Andrea DOVIZIOSO ITA Ducati Team Ducati 10 Круга
    6 Stefan BRADL GER Athinà Forward Racing Yamaha Forward 20 Круга
    69 Nicky HAYDEN USA Aspar MotoGP Team Honda 20 Круга
    41 Aleix ESPARGARO SPA Team SUZUKI ECSTAR Suzuki 21 Круг
    43 Jack MILLER AUS CWM LCR Honda Honda 21 Круг
    15 Alex DE ANGELIS RSM E-Motion IodaRacing Team ART 21 Круг
comments

Би можело да ве интересира

А2 мотоциклите се мостот за оние возачи кои не сакаат повеќе да возат мотоцикли со зафатнина од 125cc но кои се уште не можат да возат мотоцикли од А категорија.

Полицијата од Јужен Шилдс се обдува да го спречи антисоцијалното однесување од страна на мотоциклистите со помош на дронови, а цел на дронот се возачите за кои имаат информации дека возат невнимателно.

Кога сакате да се возите со некој пријател но не сакате тој да седи заедно со вас на мотоциклот, или пак кога треба да пренесете голем број на работи, тогаш страничната приколка за мотоцикл е токму она што ви треба. Погледнете ги овие пет навистина интересни приколки.

Suzuki Gixxer купот ја започна својата трета сезона, како и секогаш со несебична поддршка од страна на Motul. Од 7-ми до 9-ти јули на патеката Кари во Коимбаторе (Индија), посетителите имаа можност да уживаат во новите аспекти кои ги воведоа организаторите со цел уште повеќе да го подобрат концептот на натпреварувањето.

Уште еден дел од сложувалката за 2018 година си дојде на свое место. Во понеделникот, Aspar потврди дека Алваро Баутиста го продолжи договорот и ќе остане дел од тимот и во 2018 година.

MotoGP мотоциклите во последниот период станаа неверојатно комплицирани и на рачките има голем број на копчиња за контрола на возењето. Но Скот Рединг од тимот на Pramac Ducati ќе ни го објасни значењето на секое од нив посебно.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!