Мишелин ги засилува подготовките за 2016 година со тоа што закажаа дополнителен тест за пневматиците во Декември.

Францускиот производител ги повика MotoGP тимовите да поминат два дена во Херез пред Божиќ со цел да ги тестираат предните гуми на ладни услови.

Три тимови ја прифатија поканата. Ducati, Honda и Aprilia се подготвуваат да ги пратат тест возачите да извозат неколку кругови на патеката на 21-ви и 22-ри Декември. Бидејќи овие тестови ќе се одржат за време на забраната за тестирање, возачите од MotoGP не смеат да присуствуваат. Како резултат на тоа, Мишел Пиро ќе го претставува Ducati, Мајк ди Мелио ќе вози за Aprilia, а Honda ќе ги испрати Хироши Аојама и Такуми Такахаши.

michelin motogp 2016

Главната цел на овие тестови ќе биде да се пробаат новите пневматици на ладни услови, ситуација во која Мишелин заостанува во овој момент. Тие сакаат да соберат што е можно повеќе податоци пред зимската пауза со цел пневматиците да бидат подготвени за Сепанг, и уште поважно за во Катар, каде што температурата на патеката е пониска бидејќи трката се вози навечер.

Најголем проблем на Мишелин во овој момент е тоа дека возачите, навикнати на Бриџстоун, се уште не можат да го дознаат до каде е лимитот на предната гума. Тоа е причината поради која имаше голем број на падови до сега. Податоците кои се надеваат дека ќе ги соберат во Херез ќе ги искористат за да го решат тој проблем. Исто така ќе им помогне и на тимовите за да разберат на кој начин функционираат пневматиците. Тоа ќе им биде од корист за подобро да ги прилагодат мотоциклите.

Тестирањето со редовните возачи ќе продолжи на 1 февруари во Сепанг.

Back To Top