MotoGP

Michelin подготвен за трката во Мизано

Следната станица на Michelin во MotoGP сезоната 2018 е патеката Марко Симончели во Италија.

Следете нè на:

 

Патеката во Мизано бара голема концентрација за да може брзо да се извози должината од 4,226 метри исполнета со шест свиоци на лево и десет свиоци на десно.

divers gp san marino 2017 circuit misano08 10 09 2017 photo michelin

Подлогата на патеката е средно абразивна и има неколку свиоци во кои се влегува со голема брзина. Сето ова бара посебни пневматици кои се способни да се справат со целиот притисок. Токму поради оваа причина се одбрани Michelin Power Slick пневматиците. Меките, средни и тврди предни гуми се симетрични додека пак задните се асиметрични и потврди на десната страна за да се справат со дополнителниот притисок кој го има на таа страна.

Патеката во Мизано е домаќин на трки од MotoGP шампионатот уште од 1980 година. Таа се нарекува Гран При трка на Сан Марино, именувана по малата држава која се наоѓа во Италија. Пред да го најде својот дом на оваа патека, трката се има оддржувано во Муџело и Имола. Сместена во близина на приморските градови Римини, Риконе и Католика, патеката Марко Симончели е позната по тоа што понекогаш може да и има и влажни услови, како што беше и минатата година. Токму затоа се одбрани Michelin Power Slick и нивна задача е да се справат со ваквите услови.

Предните пневматици ќе бидат со средна цврстина и меки додека пак задните пневматици ќе бидат исто така во две варијанти, меки и екстра меки.

Michelin и MotoGP тимовите на 7-ми септември ќе се појават на патеката за подобро да се подготват за трката која ќе се оддржи во недела. Оваа година, поради новите правила трката ќе биде пократка за еден круг. Во сабота ќе има дополнителна тренинг сесија, а веднаш потоа ќе следат и квалификациите кои ќе одлучат од која позиција ќе стартуваат возачите.

img 9225

Пиеро Тарамасо  - менаџер на Michelin Motosport

„После се што се случи на патеката во Силверстоун минатата недела како и на патеката во Мизано минатата година, се надеваме дека сега ќе бидат поволни временските услови. Мизано е тешка патека чија што површина може да премногу да се загрее. Затоа ни се потребни соединенија кои можат да се справат со овие услови. Во 2016 година имавме одличен настап тука и мислевме дека ќе го повториме истото и во 2017 година. За жал временските услови беа неповолни но сепак пневматиците се покажаа одлично на тешките услови кои ги имаше на патеката. Се надеваме дека времето оваа година ќе биде добро, но, во секој случај ние ќе бидеме подготвени.“

Би можело да ве интересира

Валентино Роси вели дека се разгледува идејата за радикална промена кај Yamaha со цел да се решат проблемите со кои се соочува тимот.

Moto Guzzi ја претстави новата спортска верзија на нивниот Moto Guzzi V9 Bobber кој сега ќе има поголеми тркала, единечно седиште и црн издув.

Оваа серија ќе се оддржува за време на петте Европски Гран При трки и ќе се потпира на тимовите кои се веќе дел од MotoGP гаражата.

Возачот на Kawasaki, Џонатан Реа ја постигна втората победа во текот на викендот на трката која се возеше во Портимао.

Веќе некое време знаеме за BMW R1250GS 2019 но денеска, благодарение на промотивното видео за прв пат имавме можност да ја видиме оваа машина.

Kawasaki објави детали за два нови модели со зафатнина од 125cc.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!