Возачот на Repsol Honda вели дека неговата петта победа по ред на патеката во Остин го врати во борбата за титулата

После разочарувањето кое го доживеа на трката во Аргентина, Марк Маркез имаше одличен настап на трката која се оддржа во Тексас. Возачот на Repsol Honda ја постигна првата победа оваа сезона и се искачи на третото место во шампионатот со заостанување од 18 поени зад лидерот Валентино Роси.

markez pobeda sad

„Ова беше важна победа бидејќи после неуспехот во Аргентина моравме да се вратиме во игра. Ова беше тешка трка бидејќи температурата беше многу повисока во споредба со вчера. Пред почетокот на трката му кажав на механичарот дека сакам да настапам со тврда предна гума.“

„Немаше шанси да останам со гума која има средна цврстина бидејќи знам дека повеќе притискам со предниот пневматик, а на почетокот на трката сакав да видам до каде е нивниот лимит. Во петокот не притискав многу и бев веднаш зад Дани.“

„Но кога видов дека така не оди, решив да нападнам. Ова беше перфектна трка за мене, бев конзистентен и имав се под контрола.“

Маркез смета дека возачот на Movistar Yamaha, Маверик Вињалес, кој излета од патеката, не влијаел врз неговата стратегија.

„Ми кажа мојот тим но исто така видов и на екранот. Но тоа не влијаеше на мојот план за трката. Имав само една цел: Да се обидам да ја разберам ситуацијата, да ја разберам трката.  Во Аргентина направивме голема грешка и не сакав да ја повторам. Веднаш после таа трка слушнав гласини дека сме далеку од борбата за титулата, но шампионатот е навистина долг.“

„Валентино е лидер во шампионатот и можеби не беше најбрз во првите неколку круга, но тој е конзистентен.“

Маркез призна дека оваа победа, која е негова петта на оваа патека, е веројатно најважна со оглед на лошата форма во Аргентина.

„Секоја година е тешко и секоја година даваме 100 проценти. Но оваа година беше малку повеќе изедначено. Се чувствував удобно за време на трката и тоа е навистина важно. Минимум што сакавме е да се најдеме на подиумот но секако најдобро е кога ќе победиш.“

Back To Top