26
Пон, Јун
MotoGP

Маркез победник на феноменалната трка во Индијанаполис

Марк Маркез кој доминираше на тренинг сесиите и дојде до четвртата пол позиција во МотоГП, успеа и да се искачи на највисокото место на пиедесталот во Индијанаполис и со тоа да ја зголеми предноста во генералниот пласман пред својот клубски колега.

Следете нè на:

 

10indianapolis13 tmgp xxx 1240 originalМаркез гази кон титулата

Маркез во генералниот пласман сега го зголеми водството на 21 бод пред Педроса

МотоГП фановите со нетрпение го очекуваа продолжението на шампионатиот по летната пауза, а трката во Индијанаполис покажа дека со право МотоГП е мотоспорт број 1 во моментот.

Марк Маркез кој доминираше на тренинг сесиите и дојде до четвртата пол позиција во МотоГП, успеа и да се искачи на највисокото место на пиедесталот во Индијанаполис и со тоа да ја зголеми предноста во генералниот пласман пред својот клубски колега. 

Маркез кој за прв пат годинава вози во „кралската“ класа е на добар пат да ја освои и шампионската титула, бидејќи сега на 8 трки до крајот на шампионатот има предност од 21 бод пред својот клубски колега Дани Педроса. Секако дека има уште многу да се вози, во игра е и Хорхе Лоренцо кој заостанува за 35 бодови но според досега прикажаното, Марк Маркез е дефинитивен фаворит за титулата.

Денешната трка изобилуваше со возбудувања, Хорхе Лоренцо успеа на стартот да дојде до првата позиција, која успешно ја бранеше до половина од трката но потоа на сцената настапи Маркез кој успеа да го помине Педроса за втората позиција, а потоа и Лоренцо. Дани Педроса исто така покажа одлично возење, на крајот и тој успеа да го помине возачот на Јамаха, за 1-2 победа на Хонда во САД.

Следевме феноменална борба и за четвртата позиција во која последните кругови беа возбудливи за фановите на Роси, Крачлоу и Баутиста. На крајот Валентино Роси успеа да дојде до четвртата позиција иако стартуваше од деветото место, пред Крачлоу и Баутиста. 

Последниот круг го одбележаа и возачита на Дукати, Ники Хејден и Андреа Довициозо, кои успеаја во последниот свиок да се судрат, па иако се вратија на патеката, му го препуштија осмото место на Бредли Смит.

 

 

Поз.БодовиБр,.RiderТимМоторКм/чВреме
1 25 93 Marc MARQUEZ Repsol Honda Team Honda 152.2 44'52.463
2 20 26 Dani PEDROSA Repsol Honda Team Honda 152.0 +3.495
3 16 99 Jorge LORENZO Yamaha Factory Racing Yamaha 151.8 +5.704
4 13 46 Valentino ROSSI Yamaha Factory Racing Yamaha 151.0 +19.895
5 11 35 Cal CRUTCHLOW Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 151.0 +19.955
6 10 19 Alvaro BAUTISTA GO&FUN Honda Gresini Honda 151.0 +20.061
7 9 6 Stefan BRADL LCR Honda MotoGP Honda 150.8 +24.842
8 8 38 Bradley SMITH Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 149.9 +40.690
9 7 69 Nicky HAYDEN Ducati Team Ducati 149.9 +40.701
10 6 4 Andrea DOVIZIOSO Ducati Team Ducati 149.9 +40.823
11 5 29 Andrea IANNONE Energy T.I. Pramac Racing Ducati 148.9 +59.668
12 4 41 Aleix ESPARGARO Power Electronics Aspar ART 148.5 +1'06.650
13 3 5 Colin EDWARDS NGM Mobile Forward Racing FTR Kawasaki 148.3 +1'09.462
14 2 71 Claudio CORTI NGM Mobile Forward Racing FTR Kawasaki 148.0 +1'15.207
15 1 7 Hiroshi AOYAMA Avintia Blusens FTR 147.8 +1'20.159
16   8 Hector BARBERA Avintia Blusens FTR 147.4 +1'25.879
17   9 Danilo PETRUCCI Came IodaRacing Project Ioda-Suter 147.2 +1'29.616
18   70 Michael LAVERTY Paul Bird Motorsport PBM 146.9 +1'36.388
19   67 Bryan STARING GO&FUN Honda Gresini FTR Honda 145.9 1 круг
Без пласман
    68 Yonny HERNANDEZ Paul Bird Motorsport ART 147.2 10 круга
    52 Lukas PESEK Came IodaRacing Project Ioda-Suter 144.5 13 круга
    14 Randy DE PUNIET Power Electronics Aspar ART 142.6 22 круга
Без завршен прв круг
    79 Blake YOUNG Attack Performance Racing APR   0 круга

 

Генерален пласман:

Поз.ВозачМоторЗемјаБодови
1 Marc MARQUEZ Honda SPA 188
2 Dani PEDROSA Honda SPA 167
3 Jorge LORENZO Yamaha SPA 153
4 Valentino ROSSI Yamaha ITA 130
5 Cal CRUTCHLOW Yamaha GBR 127
6 Stefan BRADL Honda GER 93
7 Andrea DOVIZIOSO Ducati ITA 87
8 Alvaro BAUTISTA Honda SPA 81
9 Nicky HAYDEN Ducati USA 72
10 Bradley SMITH Yamaha GBR 59
11 Aleix ESPARGARO ART SPA 56
12 Michele PIRRO Ducati ITA 36
13 Andrea IANNONE Ducati ITA 29
14 Hector BARBERA FTR SPA 24
15 Colin EDWARDS FTR Kawasaki USA 20
16 Randy DE PUNIET ART FRA 19
17 Danilo PETRUCCI Ioda-Suter ITA 18
18 Ben SPIES Ducati USA 9
19 Claudio CORTI FTR Kawasaki ITA 7
20 Yonny HERNANDEZ ART COL 7
21 Alex DE ANGELIS Ducati RSM 5
22 Karel ABRAHAM ART CZE 5
23 Michael LAVERTY PBM GBR 3
24 Bryan STARING FTR Honda AUS 2
25 Hiroshi AOYAMA FTR JPN 2
26 Javier DEL AMOR FTR SPA 1

 

comments

Би можело да ве интересира

Викендов на програмата е 8-та трка од МотоГП шампионатот која ќе се вози на патеката Асен во Холандија.

„Викендот во Каталуња, вклучувајќи го и тестот беше навистина големо искуство за мене. Сакам да го искористам знаењето кое го стекнав за да остварам што е можно подобар резултат“ – Јохан Зарко.

„Секако дека временските услови секогаш се непредвидливи и прават работите да се менуваат многу брзо. Затоа мораме да бидеме подготвени да се адаптираме исто како што направивме минатата сезона и во 2014 година“ – Марк Маркез

Откако на големо изненадување, прилично рано беше објавен календарот за следната сезона во Формула 1, се поставува прашањето како тоа ќе влијае на MotoGP календарот за следната сезона.

Германецот кој настапува за тимот Tech 3 Yamaha се најде пред двајцата фабрички возачи, како на двете сесии така и на трката. Тимот на Ерв Поншарал ја продолжи серијата на импресивни настапи.

Motul повторно е официјален лубрикант на трофејот Isle of Man. Од 5-ти до 9-ти јуни, три тима со техничка поддрша од страна на Француската компанија остварија победи на трката која постои од 1911 година.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!