MotoGP Светскиот Шампионат 2016 не почна добро за Маркез откако заврши на осмото место на првиот слободен тренинг во Катар.

Дури и пред да започне трката за ГН на Катар, Марк Маркез и неговата екипа знаеја дека ги чека тешка работа бидејќи тие се уште се на истото ниво како и нивните ривали. На 15-те кругови што ги извозе во текот на слободната сесија, Маркез успеа да постигне најдобро време од 1’56.258 и се најде на осмото место со заостанување од 0.818 секунди за лидерот Лоренцо. Меѓу првите пет на табелата, немаше возач на Honda. Дани Педроса заврши на седмото место и имаше предност од само 0.160 секунди пред Маркез.  Интернационалната патека Лосаил отсекогаш била тешка за RC213V, а техничките промени ја прават уште потешка.

93 marquez7g1 1475 0.big

И покрај тоа што во моментов Honda заостанува, тие продолжуваат со напорната работа. Honda беше дел од само неколкуте екипи кои ќе имаа промени на првата трка. Петокот ќе им понуди на Маркез и на неговата екипа две сесии во кои ќе се обидат да ја подобрат моменталната ситуација.

„Денеска започна новата сезона. Ова не беше најлесниот FP1 што сум го возел но се обидовме постепено да се подобриме. Чувството не беше многу добро, но работевме напорно и направивме неколку промени. Сега ќе видиме што се променило од тестот до денес. Знаеме дека состојбата на патеката во Катар постојано се менува, па затоа ќе продолжиме да работиме и да им се доближиме на останатите возачи.“Марк Маркез

Распоред за денеска:

Moto GP Qatar  SportKlub 3, Петок (18.03.2016)
16:00 Тренинг 2 Moto GP во живо
17:00 Тренинг 3 Moto 3 во живо
17:55 Тренинг 3 Moto 2 во живо
18:55 Тренинг 3 Moto GP во живо
Back To Top