25
Саб, Фев
MotoGP

Маркез: Накамото ми кажа да ја завршам трката

Лидерот во MotoGP шампионатот Марк Маркез беше многу внимателен на трката во Херез. Тој заврши на третото место и освои 16 поени. Високата температура на патеката сепак му предизвикуваше многу проблеми при сопирањето.

Следете нè на:

 

Возачот на Repsol Honda смета дека освоеното трето место е најдоброто што можеше да го постигне на Шпанската патека. Тој откри дека потпретаседателот на HRC, Шухеи Накамото, побарал од него да ја заврши трката.

„Се обидов уште од самиот почеток. Започнав добро и тогаш Дани Педроса ме претрка. Но подоцна јас го претркав него и почнав да го следам Хорхе,“ изјави Маркез.

„Понекогаш мислев дека можам да го претекнам Хорхе, но забележав дека предниот пневматик беше малку мек па затоа решив да почекам. Температурата на патеката беше висока за мојот стил на возење и тоа се забележуваше особено при сопирањето.“

„Се обидов да притиснам но тоа повеќе го оптеретуваше пневматикот. Затоа решив да се задоволам со резултатот и си реков себеси, во овој момент 16 поени се доволни,“ изјави Маркез и додаде дека минатата сезона не би го прифатил овој резултат.

„Секако, минатата година беше поинаку, но во текот на зимата научив многу работи и пред да почне трката, Накамото ми кажа: Те молам заврши ја трката.“

markez tret herez„Решив да се задоволам со резултатот и си реков себеси, во овој момент 16 поени се доволни“

Во однос на проблемот со кој се соочи во текот на трката, Маркез изјави дека неговото предно тркало за закочувало при сопирање.

„Во текот на викендот се обидов да возам во овој стил бидејќи температурата беше далеку пониска, но на трката температурата беше повисока и мислам дека предниот пневматик беше малку мек.“

„Се обидов да сопрам на истото место како што правев и на тренингот но забележав дека тркалото се закочува.“

„Знам дека патеката во Херез не одговара на мојот стил на возење. Кога видов дека Роси вози на извонредно ниво и дека Лоренцо е побрз од мене, одлучив да се задоволам со местото на кое се наоѓав. Поради тоа малку забавив и одлучив да ја задржам позицијата на која се наоѓав.“

По четири трки, Маркез има предност од 17 поени во однос на Хорхе Лоренцо. Победникот на трката во Херез, Валентино Роси, заостанува дополнителни седум поени.

comments

Би можело да ве интересира

Џонатан Реа на најдобар можен начин ја започна одбраната на титулата откако забележа победа на првата трка во сезоната на патеката Филип Ајленд.

Новинарите од „MCN“ пред неколку години предвидуваа дека Honda ќе направи V4 Супербајк кој ќе има големи сличности со MotoGP мотоциклот. Мислам дека оригиналната гласина започна со „V5 power plant“ ако тоа ви дава некаква претстава за тоа колку долго се врти приказнава.

Подгответе се за ова неверојатно видео кое сигурно ќе ве направи многу популарен меѓу колегите на работа. Подгответе се да изгубите неколку минути од вашиот живот кои никогаш повеќе нема да ги вратите назад.

Новата мото сезона во САД започна во Флорида откако Harley Davidson ги повика возачите да присуствуваат на седумдесет и шестото издание на „Daytona Bike Week“ кое ќе се оддржи во Флорида.

Шефот на Movistar Yamaha, Масимо Мерегали смета дека тркачката симулација која ја имаше Вињалес ја потврдува неговата брзина; Валентино Роси е фокусиран на тестирање на голем број на сетапи

Освојувачот на 13 титули во ТТ, Мајкл Данлоп, на трките во 2017 година ќе настапи на Suzuki. Тој ќе остане во Hawk Racing тимот и ќе вози под знамето на Bennetts Suzuki.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!