20
Чет, Јул
MotoGP

Маркез најбрз на третиот тренинг во Захсенринг

Марк Маркез забележа најдобро време на третиот тренинг на патеката Захсенринг во Германија, зад него со втор резултат се најде Алекс Еспергаро, следен од Валентино Роси.

Следете нè на:

 

93marquezmotogp  s1d9649 originalМаркез на врвот на третиот тренинг 

Марк Маркез забележа најдобро време на третиот тренинг на патеката Захсенринг во Германија, зад него со втор резултат се најде Алекс Еспергаро, следен од Валентино Роси.

Хорхе Лоренцо не настапи на тренингот, а нема да настапи ни на утрешната трка откако доживеа потежок пад на вчерашниот втор тренинг. Неизвесен е и настапот на Дани Педроса кој на денешниот тренинг истот така доживеа хајсајд со својата Хонда, по што беше однесен во болница на прегледи.

02 26pedrosa pedrosa crash fp3 02 original

 

Првичните рентгенски снимки не покажаа ништо страшно за Педроса, но вториот преглед во болницата покажа дека има мал потрес на мозокот. Последен пат на Захсенринг на возачот кој имаше потрес на мозокот не му беше дозволено да вози, а за Педроса, германскиот доктор ќе го има последниот збор за тоа дали ќе може да вози на утрешната трка или не.

 pedrosa crash fp3  original

Почетните минути од тренингот ги одбележаа и неколку капки дожд на патеката по што возачите се вратија во боксовите, по враќањето се случи инцидентот на Педроса, на 15 минути од почетокот на сесијата. До крајот на тренингот забележително беше возењето на Маркез, кој забележа предност од 0.226 делови од секундата пред...Алекс Еспергаро!

Еспергаро годинава е неприкосновен во ЦРТ класата, и покажува дека со право Јамаха Теч3 тимот е заинтересиран за неговите услуги за следната сезона.

Поз.Бр.ВозачТимМоторКм/чВремеРазлика
1 93 Marc MARQUEZ Repsol Honda Team Honda 291.2 1'21.903  
2 41 Aleix ESPARGARO Power Electronics Aspar ART 280.3 1'22.129 0.226 / 0.226
3 46 Valentino ROSSI Yamaha Factory Racing Yamaha 286.5 1'22.306 0.403 / 0.177
4 35 Cal CRUTCHLOW Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 286.2 1'22.377 0.474 / 0.071
5 6 Stefan BRADL LCR Honda MotoGP Honda 290.7 1'22.389 0.486 / 0.012
6 19 Alvaro BAUTISTA GO&FUN Honda Gresini Honda 290.7 1'22.614 0.711 / 0.225
7 38 Bradley SMITH Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 285.4 1'22.758 0.855 / 0.144
8 69 Nicky HAYDEN Ducati Team Ducati 286.0 1'22.874 0.971 / 0.116
9 29 Andrea IANNONE Energy T.I. Pramac Racing Ducati 286.6 1'23.031 1.128 / 0.157
10 4 Andrea DOVIZIOSO Ducati Team Ducati 287.0 1'23.063 1.160 / 0.032
11 14 Randy DE PUNIET Power Electronics Aspar ART 270.6 1'23.174 1.271 / 0.111
12 71 Claudio CORTI NGM Mobile Forward Racing FTR Kawasaki 276.2 1'23.426 1.523 / 0.252
13 8 Hector BARBERA Avintia Blusens FTR 273.5 1'23.556 1.653 / 0.130
14 51 Michele PIRRO Ignite Pramac Racing Ducati 281.9 1'23.557 1.654 / 0.001
15 68 Yonny HERNANDEZ Paul Bird Motorsport ART 271.4 1'23.745 1.842 / 0.188
16 9 Danilo PETRUCCI Came IodaRacing Project Ioda-Suter 275.5 1'23.842 1.939 / 0.097
17 5 Colin EDWARDS NGM Mobile Forward Racing FTR Kawasaki 278.6 1'23.978 2.075 / 0.136
18 7 Hiroshi AOYAMA Avintia Blusens FTR 278.2 1'24.310 2.407 / 0.332
19 17 Karel ABRAHAM Cardion AB Motoracing ART 276.4 1'24.555 2.652 / 0.245
20 70 Michael LAVERTY Paul Bird Motorsport PBM 276.8 1'24.606 2.703 / 0.051
21 67 Bryan STARING GO&FUN Honda Gresini FTR Honda 267.9 1'25.873 3.970 / 1.267
22 52 Lukas PESEK Came IodaRacing Project Ioda-Suter 266.0 1'27.617 5.714 / 1.744
  26 Dani PEDROSA Repsol Honda Team Honda      


Четвртиот тренинг на програмата е во 13:30, веднаш потоа започнуваат и квалификациите, првите во 14:10, а вторите во 14:35.

Трката во недела започнува во 14:00, можете во живо да ја гледате во Бајкерс Плејс (пренос на Спорт Клуб каналот) или преку стриминг на http://www.sportcategory.com/c-10.html

 

comments

Би можело да ве интересира

А2 мотоциклите се мостот за оние возачи кои не сакаат повеќе да возат мотоцикли со зафатнина од 125cc но кои се уште не можат да возат мотоцикли од А категорија.

Полицијата од Јужен Шилдс се обдува да го спречи антисоцијалното однесување од страна на мотоциклистите со помош на дронови, а цел на дронот се возачите за кои имаат информации дека возат невнимателно.

Кога сакате да се возите со некој пријател но не сакате тој да седи заедно со вас на мотоциклот, или пак кога треба да пренесете голем број на работи, тогаш страничната приколка за мотоцикл е токму она што ви треба. Погледнете ги овие пет навистина интересни приколки.

Suzuki Gixxer купот ја започна својата трета сезона, како и секогаш со несебична поддршка од страна на Motul. Од 7-ми до 9-ти јули на патеката Кари во Коимбаторе (Индија), посетителите имаа можност да уживаат во новите аспекти кои ги воведоа организаторите со цел уште повеќе да го подобрат концептот на натпреварувањето.

Уште еден дел од сложувалката за 2018 година си дојде на свое место. Во понеделникот, Aspar потврди дека Алваро Баутиста го продолжи договорот и ќе остане дел од тимот и во 2018 година.

MotoGP мотоциклите во последниот период станаа неверојатно комплицирани и на рачките има голем број на копчиња за контрола на возењето. Но Скот Рединг од тимот на Pramac Ducati ќе ни го објасни значењето на секое од нив посебно.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!