MotoGP

Маркез најбрз на првиот тренинг во Остин

Марк Маркез ја продолжува одличната форма на патеката во Тексас која ја имаше на пред сезонските тестови.

Следете нè на:

 

93-marquez-fp1-motogp s1d5739 originalМаркез повторно најбрз во Остин.

Марк Маркез ја продолжува одличната форма на патеката во Тексас која ја имаше на пред сезонските тестови.

Патеката во Остин е третата американска патека која е додадена во МотоГП календарот со што американците се изедначија со шпанците по бројот на трки во сезоната.

Марк Маркез со својата Хонда ги продолжи одличните резултати кои ги имаше и во подготвителниот период, неговиот клубски колега Дани Педроса се чини дека навистина го заборава лошиот резултат од Катар и е фокусиран на новата трка, финиширајќи како третопласиран на првиот тренинг.

Втората позиција му припадна на Хорхе Лоренцо, кој заостанува 0.253 делови од секундата зад младиот талент. Валентино Роси пак со својата Јамаха забележа само шесто време.

Она што ги изненади сите беше позицијата на двете фабрички Дукатија, Андреа Довициозо и Ники Хејден се најдоа на четвртата и петата позиција.

Поз.Бр.ВозачТимМоторКм/чВремеРазлика
1 93 Marc MARQUEZ Repsol Honda Team Honda 337.7 2'08.756  
2 99 Jorge LORENZO Yamaha Factory Racing Yamaha 334.1 2'09.009 0.253 / 0.253
3 26 Dani PEDROSA Repsol Honda Team Honda 337.9 2'10.356 1.600 / 1.347
4 4 Andrea DOVIZIOSO Ducati Team Ducati 333.7 2'10.665 1.909 / 0.309
5 69 Nicky HAYDEN Ducati Team Ducati 330.7 2'10.801 2.045 / 0.136
6 46 Valentino ROSSI Yamaha Factory Racing Yamaha 334.1 2'10.828 2.072 / 0.027
7 19 Alvaro BAUTISTA GO&FUN Honda Gresini Honda 333.7 2'10.910 2.154 / 0.082
8 35 Cal CRUTCHLOW Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 330.4 2'11.232 2.476 / 0.322
9 6 Stefan BRADL LCR Honda MotoGP Honda 335.8 2'11.929 3.173 / 0.697
10 11 Ben SPIES Ignite Pramac Racing Ducati 331.8 2'12.813 4.057 / 0.884
11 68 Yonny HERNANDEZ Paul Bird Motorsport ART 311.4 2'13.058 4.302 / 0.245
12 71 Claudio CORTI NGM Mobile Forward Racing FTR Kawasaki 314.8 2'13.321 4.565 / 0.263
13 38 Bradley SMITH Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 332.9 2'13.339 4.583 / 0.018
14 5 Colin EDWARDS NGM Mobile Forward Racing FTR Kawasaki 314.1 2'13.694 4.938 / 0.355
15 41 Aleix ESPARGARO Power Electronics Aspar ART 312.1 2'13.970 5.214 / 0.276
16 14 Randy DE PUNIET Power Electronics Aspar ART 316.4 2'14.530 5.774 / 0.560
17 17 Karel ABRAHAM Cardion AB Motoracing ART 312.8 2'14.828 6.072 / 0.298
18 29 Andrea IANNONE Energy T.I. Pramac Racing Ducati 331.8 2'14.859 6.103 / 0.031
19 9 Danilo PETRUCCI Came IodaRacing Project Ioda-Suter 316.1 2'16.465 7.709 / 1.606
20 7 Hiroshi AOYAMA Avintia Blusens FTR 307.9 2'16.481 7.725 / 0.016
21 67 Bryan STARING GO&FUN Honda Gresini FTR Honda 310.4 2'17.441 8.685 / 0.960
22 8 Hector BARBERA Avintia Blusens FTR 309.8 2'17.685 8.929 / 0.244
  70 Michael LAVERTY Paul Bird Motorsport PBM 312.0 2'18.338 9.582 / 0.653
  52 Lukas PESEK Came IodaRacing Project Ioda-Suter 309.5 2'18.684 9.928 / 0.346
  79 Blake YOUNG Attack Performance Racing APR 304.4 2'19.440 10.684 / 0.756
  44 Mike BARNES GP Tech BCL 286.0 2'21.530 12.774 / 2.090


Возбудувањата продолжуваат според следниот распоред:

Петок

Тренинг 2: 21:05 - 21:50

Сабота

Тренинг 3: 16:55 - 17:40
Тренинг 4: 20:30 - 21:00
Квалификации 1: 21:10 - 21:25
Квалификации 2: 21:35 - 21:50

Недела

Загревање: 16:40-17:00
Трка: 21:00

На СпортКлуб каналот во живо утре ќе се пренесува четвртиот тренинг како и двете квалификациски сесии, а во недела во живо ќе може да се следи МотоГП трката со почеток од 21 часот по наше време.

 

comments

Би можело да ве интересира

BMW, Honda и Yamaha ги преземаат следните чекори во примената на паметната технологија.

Патеката во Херез на која ќе се оддржи трката од WSBK шампионатот ќе биде полна со возачи кои се на замена. Големиот број на повреди оваа сезона не ги погодија само регуларните возачи туку и нивните заменици.

Какво гориво треба да има? Тоа воопшто не е важно. Керозин, бензин, дизел, гориво за авион, на моторот воопшто тоа не му е важно.

Да бидеме хумани и да бидеме дел од целодневната забава. 21-ви октомври (сабота): 7-ма крводарителна акција и 9-ти роденден на Guardian Angels MC Macedonia.

Брачен пар од Македонија во март, тргнува на пат да го заобиколи светот со мотоцикл за да ја прегрне планетата. Да, симболично да ја прегрне планетата заобикуловајќи ја со споделување искрени прегратки.

Хонда активно продолува со пред промоција на новите модели кои со нетрпение ги очекуваме на мото саемот во Милано на кој ќе присуствуваме.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!