29
Сре, Мар
MotoGP

MotoGP: Маркез најбрз и на третиот ден на Сепанг

Првиот пред сезонски тест на патеката Сепанг во Малезија заврши со најдобро време за Маркез, втор беше Педроса, а трет Андреа Ианон.

Следете нè на:

 

FRKL6496 lowresМаркез најавува одбрана на титулата во Сепанг

Првиот пред сезонски тест на патеката Сепанг во Малезија заврши со најдобро време за Маркез, втор беше Педроса, а трет Андреа Ианон.

Третиот ден од тестирањето заврши позитивно за возачите на Хонда кои се најдоа на 1-2 на провизорната табела. Маркез го повтори успехот од првиот ден и повторно забележа најбрзо време на Сепанг.

Пониските температури на патеката не беа пречка за возачот на „HRC“ тимот да забележи и нов рекорд на патеката, кој сега изнесува 1’58.867. Маркез успехот го забележа на 8-от круг од вкупно 52 колку што возеше денеска, со тоа подобрувајќи го рекордот од 1’59.533 кој го забележа на зимските тестирања во 2014 година.

Повеќето од возачите на денешниот тест освен финалните подготовки во однос на подесувањето на моторите правеа и симулација на трка со должина од 20 круга.

Возачите на Јамаха забележаа четврто и петто време за Валентино Роси и Хорхе Лоренцо, но и за тимот на Јамаха ова е успешен тест бидејќи возачите имаа прилика да ги пробаат варијантите на моторите на кои работеа инженерите од Јапонија во текот на зимата.

За возачите на Дукати тимот овој тест помина со одлични резултати, денеска Ианон забележа трето време, а неговиот клубски колега Андреа Довициозо беше 7-ми. Сузуки ја задржа десеттата позиција од вчерашниот тест со помош на Алеш Еспергаро, додека пак Априлија тимот сеуште неуспешно се обидува да се доближи со времето до водечките. Денеска Алваро Баутиста имаше 21-во време, а Марко Меландри повторно беше последен.

Инженерите на тимовите сега имаат полни раце работа, податоци од три дневниот тест кои треба да се анализираат пред вториот пред-сезонски тест кој ќе се вози на истата патека од 23-25 февруари.

Поз.ВозачБр.ЗемјаТимМоторВреме
1 MARQUEZ Marc 93 SPA Repsol Honda Team Honda 1'58.867
2 PEDROSA Dani 26 SPA Repsol Honda Team Honda 1'59.006
3 IANNONE Andrea 29 ITA Ducati Team Ducati 1'59.388
4 ROSSI Valentino 46 ITA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha 1'59.401
5 LORENZO Jorge 99 SPA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha 1'59.624
6 ESPARGARO Pol 44 SPA Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 1'59.851
7 DOVIZIOSO Andrea 4 ITA Ducati Team Ducati 1'59.874
8 BRADL Stefan 6 GER NGM Forward Racing Forward Yamaha 2'00.294
9 SMITH Bradley 38 GBR Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 2'00.384
10 ESPARGARO Aleix 41 SPA Team Suzuki MotoGP Suzuki 2'00.486
11 CRUTCHLOW Cal 35 GBR CWM LCR Honda Honda 2'00.536
12 VINALES Maverick 25 SPA Team Suzuki MotoGP Suzuki 2'00.964
13 PETRUCCI Danilo 9 ITA Pramac Racing Ducati 2'00.970
14 AOYAMA Hiroshi 7 JPN HRC Test Team Honda 2'01.029
15 BARBERA Hector 8 SPA Avintia Racing Ducati 2'01.183
16 PIRRO Michele 51 ITA Ducati Team Ducati 2'01.232
17 REDDING Scott 45 GBR Marc VDS Racing Team Honda 2'01.263
18 HAYDEN Nicky 69 USA Drive M7 Aspar Honda 2'01.508
19 BAZ Loris 76 FRA NGM Forward Racing Forward Yamaha 2'01.624
20 MILLER Jack 43 AUS CWM LCR Honda Honda 2'01.895
21 BAUTISTA Alvaro 19 SPA Factory Aprilia Gresini Aprilia 2'01.924
22 DI MEGLIO Mike 63 FRA Avintia Racing Ducati 2'02.128
23 ABRAHAM Karel 17 CZE Cardion AB Motoracing Honda 2'02.297
24 LAVERTY Eugene 50 IRE Drive M7 Aspar Honda 2'02.334
25 NAKASUGA Katsuyuki T1 JPN Yamaha Test Team Yamaha 2'02.363
26 TAKAHASHI Takumi 72 JPN HRC Test Team Honda 2'03.113
27 DE ANGELIS Alex 15 RSM NGM Forward Racing Forward Yamaha 2'03.471
28 MELANDRI Marco 33 ITA Factory Aprilia Gresini Aprilia 2'03.641
comments

Би можело да ве интересира

По 4 години поминати низ светот на мотоцикл, Ивана Чолаковска и Мануел Торес во сабота се враќаат во Скопје.

Иако за Јапонскиот производител тој е повеќе еволуција отколку револуција, Yamaha R6 е  одлична машина која сакаме да ја споделиме со вас денес.

Со произведени неколку милиони примероци од нејзиното прво претставување, дури и денес можете да најдете постар модел од овој мотоцикл по солидна цена. Но доколку ја сакате конкретно оваа Веспа, тогаш ќе мора да издвоите повеќе од 150 илјади евра.

Се чини дека асфалтот повеќе не е доволен за Mugen па Јапонската компанија склучи договор со Honda за да произведе електричен мотокрос.

Со победи во категоријата на спортски мотоцикли, туринг/спортско-туринг мотоцикли, „crossover“, класична категорија како и со освоени три втори и две трети места, BMW постигна уште еден импресивен резултат на деветнаесетото гласање за мотоцикл на годината.

Новата сензација во МотоГП, возачот на Јамаха тимот Маверик Вињалес на најдобар можен начин ја започна сезоната откако дојде до првата победа на трката која се возеше на патеката Лосаил во Катар.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!