На утринското загревање на патеката Силверстоун, Марк Маркез доживеа тежок пад по кој се здоби со дислокација на рамото.

BTEV160IAAAzRu7

Тежок пад за Маркез на утринското загревање на Силверстоун

На утринското загревање на патеката Силверстоун, Марк Маркез доживеа тежок пад по кој се здоби со дислокација на рамото. Веднаш по падот беше пренесен во болницата каде му беше наместено рамото и беше прогласен како способен за трка.

Маркез падна во свиокот „Вале“, а неговиот пад беше само еден од серијата кои се случија на ладната патека во Британија. Неколку моменти пред Маркез, повторно падна Кал Крачлоу, тој падна на истото место па додека редарите се обидуваа да го отстранат неговиот мотор, таму „слета“ и Маркез. Притоа Хондата удри во Јамахата на Крачлоу, а редарите се разбегаа на сите страни. На загревањето падна и Мишел Пиро но и Џони Хернандез. 

Иако падна на загревањето, Маркез на крајот повторно имаше најдобар резултат, пред Хорхе Лоренцо. Според последните информации, Маркез ќе вози на трката која почнува во 14.00 часот, па не очекува навистина возбудлива трка.

Back To Top