По тестот во Валенсија, на кој покажа дека е доволно брз, Шпанецот замина во Сепанг каде што  повторно оствари доста добро време на приватниот тест.

marquez high

Марк Маркез влезе во MotoGP со големи очекувања. По тестот во Валенсија, на кој покажа дека е доволно брз, Шпанецот замина во Сепанг каде што  повторно оствари доста добро време на приватниот тест. Резултатите кои ги постигна беа импресивни. Секогаш беше меѓу топ 4 возачите.

Во Остин, Маркез ги изненади набљудувачите. Младиот Шпанец, кој сеуште е почетник во MotoGP, доминираше на тестот. Не дека немаше конкуренција на патеката. И Yamaha и Honda беа присутни, но сепак Маркез успеа да ги победи Дани Педроса, Хорхе Лоренцо и Валентино Роси.

Беше изненадување тоа што Маркез не успеа да ги повтори одличните резултати на патеката во Херез.

Иако беше трет на влажни услови, откако тие се подобрија , дебитантот од Repsol Honda не успеа да го подобри своето време. На вториот ден заврши на седмото место со заостанување од 1.2 секунди позади Валентино Роси, а третиот ден заврши на петото место со заостанување од 0.6 секунди позади Кал Кратчлоу.

marquez-2013-Sepang-1-D2-Pic-4

Маркез заврши на шестото место на тридневните тестови во Херез.  Па што се случи? Каде исчезна неговата брзина? Шпанецот имаше неколку објаснувања. „Беше тешко,“ потврди Маркез. „Но мислам дека тоа е нормално. Прв пат возев на суви услови на оваа патека.“

Херез беше патека која Маркез мораше да ја научи. „На почетокот малку се мачев бидејќи требаше да ја најдам најдобрата линија за MotoGP мотоцикл. Малку по малку учев и потоа беше подобро. Но возев само 35 круга.“

Какви се разликите помеѓу линиите во Moto2 и MotoGP?  
„Можеби со Moto2, повеќе возите навалено. На почетокот, со MotoGP ја користев таа линија, но патеката беше премногу лизгава. Можеби превземав и премногу ризици и не бев брз,“ изјави Маркез.

Неговиот менаџер и ментор Емилио Алзамора му помогна да го прилагоди неговиот стил. „Со Емилио, кој беше покрај патеката, го менувавме мојот стил свиок по свиок. Прво се концентриравме на првиот дел, а потоа на вториот дел. Се обидувавме да бидеме и претпазливи исто така, бидејќи кога патеката е лизгава, ако сте премногу агресивни е полошо,“ објасни Маркез.

Прилагодувањето на гумите на Бриџстоун исто така одзема време. „Различно е бидејќи со Бриџстоун гумите можете да притискате многу, можете да имате голема доверба во нив бидејќи лизгањето не е толку многу големо.“

marquez-sepang-test-4-1024x696

Имаше многу работа што требаше да се направи. „На влажни услови се подобрив многу. Имав еден брз круг но конзистентноста не беше добра. На влажни услови, гумите се најголемата разлика од Moto2.”

Но зошто Маркез беше толку брз во Херез? Одговорот според Маркез е едноставен: Податоци. На нова патека, како онаа во Остин, сите започнуваат од нула за разлика од патеката во Херез каде што се одржале голем број на тестови и возачите ја познаваат патеката.

„Можеби Остин беше нов за сите. Знаете, вистина е дека мотоциклот малку се менува во споредба со оној од минатата сезона. Но повеќе или помалку, сите имаат податоци за патеката.“

„Прв пат возиме на патека како оваа. Малезија и Остин се сосема различни. Оваа патека (Херез) е многу помала и свиоците се пошироки. Тоа е малку потешко за дебитант.“ Тоа ќе биде проблем со кој ќе се соочува во текот на сезоната бидејќи ќе мора да го поминува првиот ден од подготовките учејќи ја патеката. „Но знаете, добро е што оваа година овој проблем ќе го имаме во петок.“

Back To Top