Марк Маркез е новиот МотоГП шампион! По денешната трка на патеката Мотеги во Јапонија, Маркез на три трки пред крајот на сезоната има недостижен број на бодови со што ја одбрани титулата од минатата сезона.

93marquez 4gn 7062 slideshow 169

Марк Маркез е новиот МотоГП шампион! По денешната трка на патеката Мотеги во Јапонија, Маркез на три трки пред крајот на сезоната има недостижен број на бодови со што ја одбрани титулата од минатата сезона.

Трката беше одбележана од одличниот старт на Валентино Роси кој изби на првата позиција, следен од Довициозо за кусо време кој потоа му го препушти второто место на Лоренцо, а Ианон возеше на четвртата позиција. Маркез на самиот почеток од третата позиција падна назад на шестата.

Секако Маркез немаше да биде Маркез доколку веднаш не започна со атакот на челните позиции, па така за само два круга успеа да ги помине Педроса и Ианон и да се најде на четвртата позиција. На 19 круга до крајот на трката Маркез се доближи до водечката тројка па следевме четворица возачи во борбата за првата позиција, во тие моменти и Лоренцо успеа на кочење да го добие Роси, излегувајќи на првата позиција по стартно-целната рамнина.

Маркез успеа да го мине Довициозо по 9 круга возење, веднаш потоа се доближи до второпласираниот Роси, а Лоренцо на првата позиција во меѓувреме успеа да направи разлика од половина секунда пред Роси. Маркез продолжи со агресивното темпо со оглед на тоа што за да ја освои титулата на денешната трка мораше да финишира пред Роси и Педроса.

Дани на 11 круга до крајот успеа да го помине Довициозо за четвртата позиција. а веќе следниот круг започнаа возбудувањата помеѓу Роси и Маркез. Марк успеа да го помине докторот за момент, но Роси веднаш возврати, сепак возачот на Хонда беше побрз па така на 8 круга до крајот на трката Маркез беше убедлив на втората позиција и веќе започна со „бркањето“ на Лоренцо за првата позиција.

До крајот Лоренцо беше недостижен, тој ја задржа предноста и победи во Јапонија, сепак трката ќе биде запаметена по втората МотоГП титула за Маркез.

По оваа трка, Маркез стана четворократен шампион, претходно ги има освоено титулите во класата 125цц во 2010, Мото2 шампионатот во 2012, а во најсилната МотоГП класа стана најмлад двократен шампион откако минатата година ја освои првата титула во својата дебитантска година.

Back To Top