28
Пет, Апр
MotoGP

Маркез доминираше и на вториот тренинг

Вториот тренинг на патеката „CotA“ во САД повторно помина во знакот на Марк Маркез кој значително го подобри своето време од првиот тренинг и ја задржа првата позиција.

Следете нè на:

 

2013 r02 fp1 pic 1Маркез доминира на новата патека во САД

Вториот тренинг на патеката „CotA“ во САД повторно помина во знакот на Марк Маркез кој значително го подобри своето време од првиот тренинг и ја задржа првата позиција.

За разлика од првата сесија во која патеката сеуште не беше во добра состојба, на вториот тренинг веќе имаше доволно гума на асвалтот и времињата се подобрија за повеќе од 3 секунди. Новиот најдобар резултат на Маркез изнесува: 2'05.031. Неговиот клубски колега и претендент за титулата, Дани Педроса, успеа да забележи второ време, исто така подобрувајќи го резултатот од првиот тренинг.

Ако на првата сесија изненадување беа возачите на Дукати, на вториот тренинг тоа беше Штефан Брадл кој сесијата ја заврши на третата позиција.

Возачите на Јамаха, Хорхе Лоренцо и Валентино Роси на вториот тренинг финишираа на четвртата и петтата позиција.

Поз.Бр.ВозачТимМоторКм/чВремеРазлика
1 93 Marc MARQUEZ Repsol Honda Team Honda 339.5 2'05.031  
2 26 Dani PEDROSA Repsol Honda Team Honda 340.1 2'05.585 0.554 / 0.554
3 6 Stefan BRADL LCR Honda MotoGP Honda 336.4 2'06.173 1.142 / 0.588
4 99 Jorge LORENZO Yamaha Factory Racing Yamaha 334.3 2'06.637 1.606 / 0.464
5 46 Valentino ROSSI Yamaha Factory Racing Yamaha 333.8 2'06.868 1.837 / 0.231
6 35 Cal CRUTCHLOW Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 333.9 2'06.899 1.868 / 0.031
7 4 Andrea DOVIZIOSO Ducati Team Ducati 334.2 2'07.236 2.205 / 0.337
8 19 Alvaro BAUTISTA GO&FUN Honda Gresini Honda 337.7 2'07.256 2.225 / 0.020
9 69 Nicky HAYDEN Ducati Team Ducati 333.4 2'07.699 2.668 / 0.443
10 11 Ben SPIES Ignite Pramac Racing Ducati 333.2 2'08.034 3.003 / 0.335
11 41 Aleix ESPARGARO Power Electronics Aspar ART 316.4 2'08.299 3.268 / 0.265
12 68 Yonny HERNANDEZ Paul Bird Motorsport ART 315.5 2'09.374 4.343 / 1.075
13 38 Bradley SMITH Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 332.6 2'09.424 4.393 / 0.050
14 14 Randy DE PUNIET Power Electronics Aspar ART 315.9 2'09.739 4.708 / 0.315
15 29 Andrea IANNONE Energy T.I. Pramac Racing Ducati 335.1 2'09.860 4.829 / 0.121
16 17 Karel ABRAHAM Cardion AB Motoracing ART 308.1 2'10.411 5.380 / 0.551
17 71 Claudio CORTI NGM Mobile Forward Racing FTR Kawasaki 316.1 2'10.720 5.689 / 0.309
18 7 Hiroshi AOYAMA Avintia Blusens FTR 310.0 2'11.183 6.152 / 0.463
19 9 Danilo PETRUCCI Came IodaRacing Project Ioda-Suter 317.7 2'11.614 6.583 / 0.431
20 70 Michael LAVERTY Paul Bird Motorsport PBM 309.2 2'11.828 6.797 / 0.214
21 52 Lukas PESEK Came IodaRacing Project Ioda-Suter 312.6 2'12.230 7.199 / 0.402
22 67 Bryan STARING GO&FUN Honda Gresini FTR Honda 312.5 2'12.462 7.431 / 0.232
23 5 Colin EDWARDS NGM Mobile Forward Racing FTR Kawasaki 314.7 2'12.504 7.473 / 0.042
24 8 Hector BARBERA Avintia Blusens FTR 310.9 2'12.573 7.542 / 0.069
25 79 Blake YOUNG Attack Performance Racing APR 310.2 2'13.158 8.127 / 0.585
  44 Mike BARNES GP Tech BCL 287.7 2'16.169 11.138 / 3.011


Возбудувањата утре продолжуваат според следниот распоред:

Сабота

Тренинг 3: 16:55 - 17:40
Тренинг 4: 20:30 - 21:00
Квалификации 1: 21:10 - 21:25
Квалификации 2: 21:35 - 21:50

Недела

Загревање: 16:40-17:00
Трка: 21:00

На СпортКлуб каналот во живо утре ќе се пренесува четвртиот тренинг како и двете квалификациски сесии, а во недела во живо ќе може да се следи МотоГП трката со почеток од 21 часот по наше време.

 

comments

Би можело да ве интересира

Џон МекГинис и Гај Мартин дебитираа во боите на 2017 Honda Racing, тимот за кој ќе настапат на овогодинешните North West 200 и Isle of Man TT.

Компанијата за производство на сопирачки, Brembo, пушти на пазарот нов радијален цилиндер кој има висока спецификација и технологија која поткнува од MotoGP.

Попладнево имавме можност да разговараме со Лоренцо во однос на предизвиците со кои се соочува по преминот од Yamaha во Ducati како и развојот на новата MotoGP машина.

Стартувајќи од денеска, Англија го промени системот на казни за брзо возење, што во превод би значело дека прекршителите би можеле да добијат казна од речиси 150 % од нивната неделна заработка.

Возачот на Movistar Yamaha, Маверик Вињалес вели дека се уште не знае која е причината за падот кој го спречи да се бори за третата победа по ред на трката во Тексас.

Тимот на Reale Avintia Ducati потврди дека го продолжил договорот со Италијанскиот производител и дека наредната сезона нивните возачи, Хектор Барбера и Лорис Баз, ќе настапат со GP17 машината. Со овој мотоцикл оваа година настапуваат Хорхе Лоренцо и Андреа Довициозо.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!