21
Вто, Фев
MotoGP

Марк Маркез - новата ѕвезда е родена

Марк Маркез по денешната трка во Валенсија стана најмладиот освојувач на МотоГП титулата, 20 годишниот возач на Хонда имаше неверојатна дебитантска сезона, со што собори уште еден рекорд стар 35 години.

Следете нè на:

 

2013-R18-Champ-Pic-2Шампионска слика за 2013, заедно со победникот во Мото3: Маверик Вињалес и Мото2: Пол Еспергаро

Марк Маркез по денешната трка во Валенсија стана најмладиот освојувач на МотоГП титулата, 20 годишниот возач на Хонда имаше неверојатна дебитантска сезона, со што собори уште еден рекорд стар 35 години.

За оние кои не се запознаени со биографијата на шпанецот, ќе кажеме дека кариерата во тогашната класа до 125цц ја започна во 2008, но во 2010 го покажа својот талент кога извојува 10 победи и ја освои титулата. Незаборавен момент од таа сезона ќе остане трката во Есторил кога стартуваше од последната позиција, за на крајот да победи на трката. Следен чекор беше преминувањето во Мото2 класата, импресивното но агресивно возење стана карактеристично за Маркез, а првата сезона во Мото2 ја заврши на втората позиција, иако имаше шанси да ја освои и титулата. Затоа пак во 2012 тој не ја испушти шансата да покаже што знае, притоа ја освои титулата и си го визираше пасошот за во „Кралската“ класа.

2013-R18-RACE-Pic-1Маркез ја прославува титулата по трката во Валенсија

2013 година за Маркез ќе остане запаметена по многу работи, почнувајќи од првата трка во Катар, па се до последната денеска на Валенсија. Од 18 трки тој заврши на подиумот на 16 од нив, на една имаше пад во момент кога беше на втората позиција, и на една беше дисквалификуван заради грешка на тимот. Шест победи, шест втори места и четири трети беа доволни за Марк Маркез на своето конто да прокнижи 334 бодови и да стане најмладиот шампион во историјата на МотоГП.

Низ текот на целата сезона тој импресионираше со својот стил на возење, фантастичните времиња кои ги постави и рекордите кои ги сруши беа само дел од приказната. Талентот е неспорен, иако фановите му забележуваа за агресивниот стил на возење, на крајот и директниот ривал за титулата Хорхе Лоренцо му подаде рака на својот помлад колега.

Маркез има харизма која ја има(ше) и Валентино Роси, од првата трка во МотоГП бројот на негови фанови постојано растеше, за сега слободно да кажеме дека новата ѕвезда во МотоГП е родена. Следната сезона сигурно ќе следиме возбудливи трки, а најдоброто светско натпреварување со мотори влегува во нова ера.

rossi-marquezРоси и детето Маркез кое сега е новиот Светски шампион во МотоГП

За крај и неколку факти за Маркез:

- Со 20 години и 266 дена стана најмладиот освојувач на МотоГП шампионатот до сега. Претходниот рекорд го имаше Фреди Спенсер кој во 1983 година ја освои титулата во класата 500цц со 21 година и 258 дена.

- Маркез е само четврти возач во историјата на МотоГП (65 години) кој има освоено титули во три различни категории. Претходно тоа им успеало на Мајк Хеилвуд, Фил Рид и Валентино Роси.

- Забележа рекорд во најголем број на подиуми (16) во дебитантскиот настап во МотоГП

- Рекорд во најголем број на пол позиции (9) во дебитанстки настап во МотоГП

- Го собори и рекордот од 1982 година на Фреди Спенсер за најмлад победник на трка и најмлад возач кој стартувал од првата позиција. На Маркез тоа му успеа на втората трка во сезоната кога имаше 20 години и 63 дена.

- 334 бода е најголемиот број на поени кој ги собрал некој возач во дебитантската сезона во историјата на МотоГП.

Сите овие бројки покажуваат дека Маркез не случајно е новиот Светски шампион. Младиот шпанец веќе е прогласен за наследник на Дуан, Агостини, Роси... доколку продолжи во ист стил го очекува голема иднина и запишување во вечната листана МотоГП легенди.

2013-R18-Champ-Pic-1Новиот Валентино Роси, Маркез пред фановите

 

MotoGP™ кариера:

2008: 125 World Championship – 13-та позиција со KTM, 13 трки, 63 бода

2009: 125 World Championship – 8-ма позиција со KTM, 16 трки, 94 бода

2010: 125 World Championship – Светски шампион со Derbi, 17 трки, 310 бода

2011: Moto2™ World Championship – 2-ра позиција со Suter, 13 трки, 251 бод

2012: Moto2™ World Championship – Светски шампион со Suter, 17 трки, 324 бода

2013: MotoGP™ World Championship – Светски шампион со Honda, 18 трки, 334 бода

 

 

comments

Би можело да ве интересира

Нашиот најдобар натпреварувач на Балканскиот шампионат во брзински мотоциклизам во класата до 125цц од оваа сезона ќе настапува со лиценца од мото клубот „Enduro Team Vodno“.

КТМ е новиот тим кој ќе биде дел од 2017 MotoGP шампионатот. Според резултатите кои ги постигнаа за време на тестовите на Филип Ајленд, очигледно е дека тимот се уште го чека работа.

Џонатан Реа ги потсети своите ривали дека ќе биде еден од фаворитите откако го заврши претсезонскиот тест на Филип Ајленд на првото место

Двоецот на КТМ, Бредли Смит и Пол Еспаргаро, се задоволни од резултатите што ги постигнаа на вториот од трите MotoGP тестови.

Моделот на Yamaha, XSR900, ја освои престижната „iF Design“ награда за 2017 година.

Во каталогот можете да ги видите најдобрите производи кои се продаваат под брендовите Ariete, Harri и ARI и се наменети за мотоциклистите.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!