23
Пет, Јун
MotoGP

Марк Маркез и Фреди Спенсер се сретнаа во Бордо, Франција

Актуелната MotoGP сензација Марк Маркез за прв пат се сретна со легендарниот Фреди Спенсер на специјален настан во Бордо, Франција. И двајцата се сретнаа со фановвите, потпишуваа автограми и даваа интервјуа.

Следете нè на:

 

spenser-markez„Alpinestars“ беше организатор на целиот настан

Настанот го организираше светски познатиот производител на мото опрема „Alpinestars“, кој во Македонија е застапен преку увозникот Макпетрол односно нивниот продажен салон за мотоцикли Хонда и мото опрема.

Актуелната MotoGP сензација Марк Маркез за прв пат се сретна со легендарниот Фреди Спенсер на специјален настан во Бордо, Франција. И двајцата се сретнаа со фановвите, потпишуваа автограми и даваа интервјуа.

Ова е прв пат како двајцата возачи разменуваат мислења и искуства откако Марк го надмина рекордот на Фреди за најмлад возач кој остварил победа во премиерната класа. Рекордот беше во сопственост на Фреди 31 година.

Фреди Спенсер: „Тоа е одлично. Се надевам дека Марк ќе го чува рекордот исто толку долго колку и јас. Она што Марк го прави сега е одлично, добро е за гледање и добро е за спортот.”

Марк Маркез: „Гледав многу видеа и од она што луѓето ми го кажуваат, Фреди повеќе или помалку бил како мене, секогаш се борел и знаел дека секогаш може и подобро.”

Биографија за Марк Маркез

Дебитантската сезона на Марк Маркез во MotoGP е одлична. Победи во Тексас и стана најмладиот возач кој победил на трка во премиерната класа. Но за неговиот талент се зборува уште откако дебитираше во 2008 година. Две години подоцна тој оствари импресивни 10 победи на 12 трки и го освои светскиот шампионат во класата од 125cc.

Во првата сезона во Moto2 заврши на второто место но веќе наредната година беше шампион со остварени 9 победи.

Во 2013 година премина во Repsol Honda и го замени Кејси Стонер. Со победата во Тексас на 21ви Април 2013 година, на возраст од 20 години и 63 дена, Марк го надмина рекордот на Фреди Спенсер кој беше стар 31 година.

 Биографија за Фреди Спенсер

Местото во историјата на трките на американецот Фреди Спенсер е обезбедено благодарејќи на историската двојна победа во класите од 250cc и 500cc во 1985 година, рекорд кој сеуште не е надминат. Како и многу од неговите сонародници и Фреди започна во мотокрос и супербајк трките пред да премине во светскиот супербајк шампионат.

Во својата прва сезона со Хонда заврши на третото место остварувајќи две Гран При победи и шест места на подиумот. Неговите достигнувања – 3 титули, 27 победи, 39 места на подиумот и 33 стартови од првото место во 250cc и MotoGP-доволно кажуваат. 31 година Фреди беше сопственик на рекордот за најмлад возач кој завршил на првото место во премиерната класа по победата која ја постигна на трката во Белгија на 4ти Јули 1985 година. Тогаш имаше 20 години и 169 дена.

 

comments

Би можело да ве интересира

„Викендот во Каталуња, вклучувајќи го и тестот беше навистина големо искуство за мене. Сакам да го искористам знаењето кое го стекнав за да остварам што е можно подобар резултат“ – Јохан Зарко.

„Секако дека временските услови секогаш се непредвидливи и прават работите да се менуваат многу брзо. Затоа мораме да бидеме подготвени да се адаптираме исто како што направивме минатата сезона и во 2014 година“ – Марк Маркез

Откако на големо изненадување, прилично рано беше објавен календарот за следната сезона во Формула 1, се поставува прашањето како тоа ќе влијае на MotoGP календарот за следната сезона.

Германецот кој настапува за тимот Tech 3 Yamaha се најде пред двајцата фабрички возачи, како на двете сесии така и на трката. Тимот на Ерв Поншарал ја продолжи серијата на импресивни настапи.

Motul повторно е официјален лубрикант на трофејот Isle of Man. Од 5-ти до 9-ти јуни, три тима со техничка поддрша од страна на Француската компанија остварија победи на трката која постои од 1911 година.

Популарноста на мотоциклот доаѓа од комбинацијата на пристојни перформанси, бројот на вртежи како и просторот за багаж. На тоа може да се додаде и неговата издржливост, квалитет како и атрактивната цена.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!