На големо изненадување на сите, Марк Маркез на патеката во Мотеги успеа да ја освои титулата Светски Шампион за сезоната 2016. Ова за него претставува петта светска титула.

На големо изненадување на сите, Марк Маркез на патеката во Мотеги успеа да ја освои титулата Светски Шампион за сезоната 2016. Ова за него претставува петта светска титула.

Иако многумина очекуваа Маркез да ја освои титулата, се претпоставуваше дека тоа ќе се случи подоцна во текот на сезоната, бидејќи Маркез не само што мораше да победи на трката во Јапонија, туку и останатите конкуренти, Валентино Роси и Хорхе Лоренцо, требаше да имаат слаб пласман.

Twin Ring Motegi 2016 Marc Marquez celebration

Овие два негови ривали многу ретко прават грешки па затоа трка на која и двајцата ќе се најдат долу на табелата беше навистина неочекувана.

Но токму тоа се случи на Јапонското Гран При. Најпрво Лоренцо а потоа и Роси излетаа од патеката во обид да го стигнат возачот на Repsol Honda.  На некој начин, Јапонската трка беше метафора за целокупната сезона. Маркез беше возачот кој требаше да се победи. Тој победи на најмногу трки досега, но освојувањето на титулата дојде како резултат на грешките на неговите ривали.

Поради многу причини, Роси и Лоренцо меѓусебно имаат единаесет трки на кои забележаа слаби резултати а постигнаа само пет победи. Ова се два одлучувачки податоци кои јасно покажуваат како Маркез успеа да ја освои својата трета титула во MotoGP шампионатот.

Twin Ring Motegi 2016 Marc Marquez on top 1

Но не е фер ниту да се каже дека Роси или Лоренцо го загубија шампионатот. Нивните резултати покажуваат дека тие едноставно не успеаа да го стигнат нивото кое Маркез го поставуваше секој викенд.

Мора да се земе во предвид дека сезоната 2016 е директен одговор на неуспехот на Маркез да ја освои титулата минатата сезона. Тоа може да се поврзе со фокусот на Шпанецот да постигнува победи наместо да менаџира со резултатите.

Сепак Маркез ја научи лекцијата од минатата сезона и стана подобар возач. Во сезоната 2016, Honda имаа проблеми со мотоциклот . Но Маркез мудро ги одбираше битките. Притискаше кога можеше но сепак освојуваше поени и тогаш кога не беше доволно брз. Оваа сезона ни донесе осум различни победници на трките, а одлуката на Маркез да прифати место на подиумот му ја донесе титулата.

Twin Ring Motegi 2016 Marc Marquez victory 1

Она што Маркез успева да го направи со својот мотоцикл секој викенд е навистина неверојатно, но оваа сезона тој покажа и нешто друго. Тој покажа дека созреа како возач.

Комбинацијата на овие два елементи е навистина моќна, а неговите ривали треба да бидат внимателни.  Се сомневаме дека ова ќе биде негова последна титула во MotoGP шампионатот.

Back To Top