21
Вто, Фев
MotoGP

Макс Бијаџи ќе го тестира Ducati GP13 во Муџело

Претстојните четврток и петок, возачите на Ducati ќе се вратат на патеката во Муџело и ќе одржат приватен тест за да се подготват за трката во Каталуња која ќе се одржи за две недели.

Следете нè на:

 

motodays-2013-inaugurazione-21 Се подготвува теренот за враќање на Императорот

Претстојните четврток и петок, возачите на Ducati ќе се вратат на патеката во Муџело и ќе одржат приватен тест за да се подготват за трката во Каталуња која ќе се одржи за две недели.

Покрај регуларните возачи и Мишел Пиро кој ќе го заменува Бен Спиз на следните неколку трки, италијанската интернет страна GPOne.com известува дека и Макс Бијаџи ќе тестира со тимот и ќе вози Pramac Ducati благодарение на Паоло Кампиноти.

Пензионираниот MotoGP возач и шесткратен светски шампион не возел прототип од крајот на 2005 година и никогаш не возел на Bridgestone гуми.

Бијаџи неколку пати сакаше да се врати откако се пензионираше минатата година и стана коментатор на супербајк трките за Sportmediaset. Римскиот император не само што беше поврзан со настап на трката во Монца, туку и сопственикот на Ducati Alstare, Франсис Бата се обиде да го натера да биде тест возач на 1199 Panigale, но во тоа беше спречен од страна на Ducati.

Во април 2008 година, Ducati сакаа Трој Бејлис и Макс Бијаџи да го тестираат и да дадат нивно мислење за GP8 кога Марко Меландри имаше проблеми со неговата машина од 800cc, но и двајцата возачи ја одбија понудата бидејќи сакаа да се концентрираат на шампионатот. Пензионираниот Сете Жиберно ја тестираше машината и наредната година тој се врати во натпреварувањето но неговата авантура траеше само шест трки (пропушти две трки поради повреда на клучната коска).

 

comments

Би можело да ве интересира

Нашиот најдобар натпреварувач на Балканскиот шампионат во брзински мотоциклизам во класата до 125цц од оваа сезона ќе настапува со лиценца од мото клубот „Enduro Team Vodno“.

КТМ е новиот тим кој ќе биде дел од 2017 MotoGP шампионатот. Според резултатите кои ги постигнаа за време на тестовите на Филип Ајленд, очигледно е дека тимот се уште го чека работа.

Џонатан Реа ги потсети своите ривали дека ќе биде еден од фаворитите откако го заврши претсезонскиот тест на Филип Ајленд на првото место

Двоецот на КТМ, Бредли Смит и Пол Еспаргаро, се задоволни од резултатите што ги постигнаа на вториот од трите MotoGP тестови.

Моделот на Yamaha, XSR900, ја освои престижната „iF Design“ награда за 2017 година.

Во каталогот можете да ги видите најдобрите производи кои се продаваат под брендовите Ariete, Harri и ARI и се наменети за мотоциклистите.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!