Макс Бијаџи зборуваше за задоволството кое го имаше од можноста повторно да вози MotoGP мотоцикл.

060613-max-biaggi-pramac-ducati-motogp-test-01

Макс Бијаџи зборуваше за задоволството кое го имаше од можноста повторно да вози MotoGP мотоцикл.

Осум месеци по пензионирањето од Светскиот Супербајк шампионат и осум години откако го напушти MotoGP, Римскиот император ги компетираше своите први кругови со Desmosedici и со Bridgestone гуми.

Лошите временски услови беа причина за прекинување на тестот во петокот, на кои според GPOne.com, Бијаџи извозе најдобар круг од  1м 52.1с.

За споредба, возачот на Ducati Андреа Довициозо постигна време од 1м 48.2с на GP13- лабораториски мотоцикл- на истиот тест.  Најбрзиот круг за време на минатонеделната трка го постигна Марк Маркез и тоа изнесуваше 1м 47.639с.

„Повторно сум возач за прв пат по осум месеци,” изјави Бијаџи. „Одлично е бидејќи ова е спорт кој навистина ми се допаѓа. По првите неколку круга, почувствував дека сум бил отсутен осум години, бидејќи MotoGP мотоциклот има брза реакција и прогресија кои не постојат во Супербајк.”

Бијаџи ја возеше машината на Бен Спиз која остана празна поради неговите проблеми со рамото. Веста за тестирањето на Бијаџи ги поттикна шпекулациите дека тој би можел да го замени Спиз на претстојната трка во Каталуња, но од Pramac изјавија дека ќе вози Микеле Пиро, тест возачот на Ducati. Бијаџи изјави дека добро се поврзал со тимот Pramac и исто така кажа дека тоа бил само еден тест.

„Беше убаво бидејќи добро се поврзав со луѓето кои ми беа доделени за овој тест, исто како и во Aprilia во 2009 година. Имаше позитивно чувство помеѓу сите нас, иако тоа беше само еден тест.”

„Би сакал да им се заблагодарам на Ducati и на тимот Pramac за оваа можност. Немавме многу среќа бидејќи од двата дена на располагање, повеќе или помалку имавме само еден ден поради дождот. Не направивме никаква штета и имавме добра забава.”

Макс Бијаџи се натпреваруваше во Гран При трките од 1992 до 2005 година. Осум сезони во премиерната класа помина возејќи машини на Honda и Yamaha. По една расправија со Honda, Италијанецот ја пропушти целата сезона во 2006 година пред да се префрли во трките од Светскиот Супербајк шампионат наредната година.

Back To Top