Сем Ловс ќе се врати во Moto2 серијата во 2018 година откако потпиша договор со Швајцарскиот тим Interwetten. Следната сезона тој ќе биде замена за Том Лути и ќе се обиде да ја освои титулата по тешката сезона која ја имаше во MotoGP.

lovs

Ловс преговараше со голем број на Moto 2 тимови откако беше отпуштен од тимот на Aprilia пред две недели. Forward Racing и тимот на Pons беа силно заинтересирани да го видат во своите редови. Но пред самиот старт на Британската Гран При трка, Ловс потврди дека потпишал договор со Швајцарската екипа, а шефот на тимот, Фред Кормиенбеф изјави дека тој ќе биде одличен дел од нивниот тим.

„Навистина сме среќни што потпишавме договор со него. Тој е одлична личност, одличен возач и вистински борец, а ние сакаме борци во нашиот тим. Ние сме мала, фамилијарна екипа и тој перфектно ќе се вклопи.“

Back To Top