25
Саб, Мар
MotoGP

Лосон, Рејни и Дуан: Великани на една ера

Го обвинувам Кени Роџерс, но без него немаше воопшто да се случи. Кога кралот Кени пристигна во Европа кон крајот на седумдесетите години, го подигна нивото на возењето. Возеше побрзо, тренираше понапорно и постојано мислеше на тркањето.

Следете нè на:

 

Го обвинувам Кени Роџерс, но без него немаше воопшто да се случи. Кога кралот Кени пристигна во Европа кон крајот на седумдесетите години, го подигна нивото на возењето. Возеше побрзо, тренираше понапорно и постојано мислеше на тркањето. Пристигнувањето на најдобриот Американски возач веднаш го даде посакуваниот резултат. Одеднаш сите заборавија на Бери Шејн. Долготрајните последици од ова се кариерите на Еди Лосон, Вејн Рејни и Мик Дуан.

Овие возачи се основачите на модерните трки. Тие исто така беа и великани на својата ера. Освоија 12 титули во категоријата од 500cc. Лосон освои четири, Рејни три, а Дуан пет.

Лосон и Рејни беа многу слични на Робертс. Лосон му беше заменик на Робертс во дебитантската сезона. Рејни беше негов наследник. Тој беше доведен во Европа за да се формира новиот Гран При тим на Робертс. Дуан беше многу сличен на сите нив. Но после тоа отиде едно ниво повисоко.

rainey 1991 le mans slideshow 169Вејн Рејни

Сите тројца имаа слично минато. Почнаат на земјени стази па потоа преминаа на поголеми мотоцикли. Но сепак, тие беа многу поразлични од денешните мотоцикли.

Лосон и Рејни почнаа да возат заедно уште од деца. Но тие не застанаа таму. Kawasaki потпиша со нив.  Во 1981 и 1982 година Лосон го освои Американскиот Супербајк светски шампионат возејќи Z1000. Во 1983 година, Рејни ја освои титулата со Gpz 750.

Кога Рејни прв пат почна да се натпреварува во повисока класа, тој изјави дека дотогаш веќе имал возено на повеќе од 3000 трки. Тоа знаење одлично го преслика во MotoGP трките кои беа прилично опасни во тие години. Кога двоецот почна да вози во 500cc категоријата, Лосон во 1983, а Рејни во 1988 година, постоеше мал сомнеж.

8580982515 698ea4e00d bЕди Лосон

Лосон бавно напредуваше, таков му беше и стилот. Тој имаше неверојатна добра техника. Многу лесно управуваше со мотоциклот. Тој е она што е Хорхе Лоренцо денес.

Во втората сезона веќе беше многу поинаку. Му ја одзеде титулата на Фреди Спенсер. Повторно ја освои титулата и во 1986 и 1988 година. Но потоа ги расипа односите со сопственикот на тимот, Џакомо Агостино, и замина во Honda.

До тогаш само двајца возачи ја имаа освоено титулата во најсилната класа со различни мотоцикли. Џоф Дјук со Norton и Gilera и Џакомо Агостино со MV Agusta и Yamaha. Мисијата на Лосон изгледаше речиси невозможна. Ова беше сезоната која го дефинираше Лосон. Исто така за прв пат се судри со својот пријател Рејни.  Рејни беше постојано во водство, неговиот YZR500 работеше беспрекорно, додека пак Лосон се мачеше да постигне некаков резултат. Но малку по малку тие се доближија, се до моментот кога се судри со Рејни на трката во Шведска. Лосон тогаш ја освои титулата. „Тоа што го победив на тој начин навистина го повреди“, се сеќава Лосон. „Не разговаравме многу после тоа“. Но тогаш Рејни беше во залез. Тој го повтори подвигот на својот ментор и освои три титули по ред. Неговата доминација во ера во која возеа и Лосон, Дуан, Шванц и Вејн Гарднер беше навистина неверојатна.

Исто како и Лосон, и Рејни беше инталигентен возач кој ја разбра науката на возењето и потоа направи се што е во негова моќ да ги искриви законите на физиката. Во 1993 година ја освои, веројатно најдобрата гран при трка во Сузука. „Мислам дека можев да се видам што правам“, изјави тој за ова искуство.

Неговата техника на возење беше многу физичка. Тој возеше со експлозивен интензитет, во секој свиок влегуваше различно.  Мотоциклот се тресеше но сепак продолжуваше напред. Лосон ја оствари последната победа на трката во Хунгароринг во 1992 година. Рејни во Август 1993. По две недели, неговата кариера беше завршена. Да не го скршеше рбетот на патеката ви Мизано, сигурно ќе освоеше повеќе титули. Секако, доколку Дуан го дозволеше тоа. Дуан беше блиску до титулата во 1992 година кога доживеа несреќа во Асен. Но она што требаше да биде лесна повреда, се претвори во тешка операција и некомпетентен хирург му препорача ампутација. Му требаше една година пред да почне повторно да победува. Во текот на 1993 година, неговата нога беше во многу лоша состојба. Во 1994 година, конечно ја надмина таа состојба и повторно почна да победува.

KnNi5tfМик Дуан

Дуан освои пет последователни титули во класата од 500cc, а вкупно оствари 54 Гран При победи. Со тоа се наоѓа на третото место, позади Валентино Роси и Џакомо Агостини. Некои фанови тврдат дека овој успех го постигнал откако неговите ривали, Рејни и Шванц, се повлекоа од натпреварување, но забораваат на фактот дека ги победуваше нив кога тие беа во нивната најдобра форма.

„Од 1992 година бев само јас. Во 1991 година бевме јас и Рејни. Понекогаш тука беше и Шванц. Кога јас почнав да возам, тие беа главни. Откако тие си заминаа, јас продолжив да возам со момци што не ги знаев. Тоа за мене беше различна ера. Но резултатите не беа толку различни“ - забележа Дуан.

Стилот на возење на Дуан беше сличен со тој на Рејни. Но сепак имаше разлика. Тој беше агресивен, беше легнат напред на моторот. Тој беше едноставно недостижен на патеката исто како и во гаражата. Повеќето од луѓето таму му се плашеа. „Дури и кога не возев, размислував за возење. Понекогаш размислувам на тоа време и си велам, за што го правев сето тоа. Но благодарен сум за се што постигнав“ - заклучи Мик.

 

comments

Би можело да ве интересира

Валентино Роси го започна MotoGP викендот во Катар со освојување на деветото место на првиот слободен тренинг. На крајот тој заостана 1.483 секунди зад тимскиот колега Маверик Вињалес.

Хорхе Лоренцо призна дека нешто треба да се промени откако за време на првиот слободен тренинг откри дека на мотоциклот не му одговара меката задна гума

„Среќен сум. Најважното нешто е да се подобруваме секој ден“ – Марк Маркез

Возбудувањата на патеката Лосаил во Катар започнаа со вчерашниот прв тренинг. Акцијата продолжува и денеска со слободните тренинзи, утре ќе имаме можност да ги следиме квалификациите, а трката е во недела со почеток од 20 часот по наше време.

Валентино Роси смета дека новиот шампионат има потенцијал да прерасне во уште една интересна сезона

Возачот на Yamaha е полн со самодоверба пред првата трка од новиот шампионат која ќе се оддржи овој викенд во Катар

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!