27
Чет, Апр
MotoGP

Лоренцо победи, но шоуто му припадна на Роси

Хорхе Лоренцо победи на првата трка од годинешниот МотоГП шампионат која се возеше на патеката Лосаил во Катар.

Следете нè на:

 

46rossi93marquez99lorenzomotogp-race s5d1538 originalОдличен старт за Јамаха во новата МотоГП сезона

Хорхе Лоренцо победи на првата трка од годинешниот МотоГП шампионат која се возеше на патеката Лосаил во Катар.

Лоренцо кој на вчерашните квалификации дојде до пол позицијата ниту за миг не ја испушти првата позиција и со безгрешно возење од светлата на стартот, до победничкото знаме ја извозе трката во која немаше конкурент.

Со ова актуелниот Светски шампион покажа дека претендентите за титулата годинава ќе треба и тоа како да се помачат за да му ја одземат.

Бидејќи Лоренцо веќе од 10-от круг направи недостижна разлика, а на крајот победи со предност од 6 секунди, фокусот на трката беше зад него. Тука се водеше битка за секоја позиција, почнувајќи од почетокот па се до крајот. 

Кал Крачлоу кој имаше феноменално време на тренинзите и трката ја започна од втората позиција уште еднаш покажа дека може да се носи рамо до рамо со момците на фабрички мотори. Во поголем дел од трката беше во предната група на мотори, а потоа возеше зад Педроса и Марк Маркез кои своевремено беа на 2 и 3 позиција. Потоа налета Докторот, и се се промени.

35crutchlowmotogp-qf s1d0921-2 originalКал Крачлоу покажа дека може да вози рамо до рамо со момците на фабрички мотори

Валентино Роси иако стартуваше од седмата позиција успеа да дојде до четвртата позиција но грешка во свиокот број еден го врати назад зад Андреа Довициозо и Штефан Брадл. 

Роси потоа трпеливо го започна својот напад, откако дојде до петтата позиција, зад Лоренцо, Педроса, Брадл и Крачлоу, а разликата од возачот на Јамаха Теч3 тимот беше скоро 4 секунди, ретко кој веруваше во разврска во која Јамаха ќе забележи 1-2 победа, а Педроса нема да биде на подиумот. Сепак тоа се случи. 

26pedrosa46rossi93marquezmotogp-race s1d4022 originalРоси и Маркез го украдоа шоуто на Лоренцо

Маркез успеа да го помине Педроса, а Роси веќе беше зад Крачлоу. Веќе во следниот круг Роси го помина Крачлоу откако и овој направи грешка во свиокот бр.1, за потоа следен скалп да биде оној на Педроса. Последните 3 круга следевме вистинска трка помеѓу Роси и Маркез, кој покажа дека не случајно се вбројува во претендент за титулата. Можеби ќе почекаме некоја година за тоа, но возењето на Маркез, како и она на Кал Крачлоу им даде надеж на МотоГП фановите ширум светот дека шампионатот повторно го враќа стариот сјај.

Додадете го на ова и враќањето на Докторот, како и безгрешното возење на Лоренцо, па нема да згрешиме ако кажеме дека пред нас е една од нај интересните сезони во МотоГП.

Поз.Бод.Бр.ВозачТимМоторКм/чВреме
1 25 99 Jorge LORENZO Yamaha Factory Racing Yamaha 166.4 42'39.802
2 20 46 Valentino ROSSI Yamaha Factory Racing Yamaha 166.0 +5.990
3 16 93 Marc MARQUEZ Repsol Honda Team Honda 166.0 +6.201
4 13 26 Dani PEDROSA Repsol Honda Team Honda 165.8 +9.473
5 11 35 Cal CRUTCHLOW Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 165.2 +18.764
6 10 19 Alvaro BAUTISTA GO&FUN Honda Gresini Honda 165.0 +22.148
7 9 4 Andrea DOVIZIOSO Ducati Team Ducati 164.8 +24.355
8 8 69 Nicky HAYDEN Ducati Team Ducati 164.8 +24.920
9 7 29 Andrea IANNONE Energy T.I. Pramac Racing Ducati 164.0 +37.124
10 6 11 Ben SPIES Ignite Pramac Racing Ducati 163.5 +44.908
11 5 41 Aleix ESPARGARO Power Electronics Aspar ART 163.2 +49.809
12 4 14 Randy DE PUNIET Power Electronics Aspar ART 162.8 +56.495
13 3 8 Hector BARBERA Avintia Blusens FTR 162.0 +1'09.599
14 2 68 Yonny HERNANDEZ Paul Bird Motorsport ART 161.9 +1'10.742
15 1 7 Hiroshi AOYAMA Avintia Blusens FTR 161.8 +1'13.600
16   71 Claudio CORTI NGM Mobile Forward Racing FTR Kawasaki 160.8 +1'29.444
17   70 Michael LAVERTY Paul Bird Motorsport PBM 160.5 +1'34.341
18   52 Lukas PESEK Came IodaRacing Project Ioda-Suter 160.5 +1'34.683
Без пласман
    5 Colin EDWARDS NGM Mobile Forward Racing FTR Kawasaki 161.9 7 круга
    9 Danilo PETRUCCI Came IodaRacing Project Ioda-Suter 160.5 10 круга
    6 Stefan BRADL LCR Honda MotoGP Honda 164.8 14 круга
    38 Bradley SMITH Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 162.4 18 круга
    67 Bryan STARING GO&FUN Honda Gresini FTR Honda 149.2 21 круг
    17 Karel ABRAHAM Cardion AB Motoracing ART   0 круга

Следната трка се вози на 21 април на патеката „Circuit of the Americas“ во Остин (Тексас), САД.

 

comments

Би можело да ве интересира

Возачот на Movistar Yamaha, Маверик Вињалес вели дека се уште не знае која е причината за падот кој го спречи да се бори за третата победа по ред на трката во Тексас.

Тимот на Reale Avintia Ducati потврди дека го продолжил договорот со Италијанскиот производител и дека наредната сезона нивните возачи, Хектор Барбера и Лорис Баз, ќе настапат со GP17 машината. Со овој мотоцикл оваа година настапуваат Хорхе Лоренцо и Андреа Довициозо.

Втората трка која викендов се возеше на патеката во Романија му донесе уште еден подиум на Слободан Ивчески.

Возачот на Repsol Honda вели дека неговата петта победа по ред на патеката во Остин го врати во борбата за титулата

„Очигледно е дека не беше негова вина што излезе од патеката. Но исто така тој не смее да се стекне со предност“ – Мајк Веб, директор на трката.

Одлични резултати од 3. трка во БМУ Европскиот брзински мото шампионат

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!