Лоренцо испрати невкусна провокација во моментите кога го коментираше продолжувањето на соработката меѓу Роси и Јамаха на дополнителни две години, Докторот не остана покус.

Квалификациите за ГН на Катар беа одбележани од израмнетата битка на неколку мотоциклисти за пол позицијата и инцидентот кој го имаа колегите Валентино Роси и Хорхе Лоренцо во еден дел од сесијата, а интересно, наместо смирување на страстите, нивната конфронтација продолжи и на прес-конференцијата во уште понепријатна атмосфера.

Шпанскиот возач и актуелен шампион во „кралската класа“ испрати невкусна провокација во моментите кога го коментираше продолжувањето на соработката меѓу Роси и Јамаха на дополнителни две години, а имун на истата не остана искусниот Италијанец кој возврати во свој стил на неочекуваните напади.

1458146549 615259 1458148263 sumario normal

– Валентино направи добро што го продолжи договорот, тој едноставно немаше друга опција. Во мојот случај ситуацијата е различна. Јас сум актуелен шампион и имам повеќе опции од него. Затоа можам да почекам и мирно да донесам одлука. Одлучив да почекам, но не верувам дека на мојот одговор ќе се чека повеќе од една трка, – гласеше контроверзната изјава на Хорхе, на која едноставно не можеше да не одговори легендарниот „ил Доторе“.

– Не ми е гајле дали ќе остане или ќе си оди. Тоа не менува ништо, секој работи за самиот себе. Во случајот станува збор за Дукати, за тоа треба да се биде многу храбар. Треба да имате му.а за да отидете во Дукати, затоа мислам дека Лоренцо ќе остане во Јамаха, – иронично одговорил Валентино кој на овој начин само потврди дека комуникацијата меѓу двајцата возачи не е најдобра и покрај тоа што на тестирањата покажаа сосема нормален колегијален однос.

Видеото од инцидентот за време на квалификациите:

Back To Top