motori lorenzo-ligamnetiПо падот на патеката Асен, Лоренцо веднаш беше забележан како потскокнува со едната нога, но дури по лекарскиот преглед во болницата биле констатирани истегнати лигаменти и посериозни гребаници на десниот ножен зглоб.

lorenzo-ligamneti

По падот на патеката Асен, Лоренцо веднаш беше забележан како потскокнува со едната нога, но дури по лекарскиот преглед во болницата биле констатирани истегнати лигаменти и посериозни гребаници на десниот ножен зглоб. Повредата за малку ќе го оддалечела неколку месеци од патеките, но за среќа поминал без скршеница па веќе следната недела ќе може да настапи на трката за ГН на Германија.

„Можам да се тркам во Германија, но докторите изјавија дека за малку ќе сум добиел скршеница на ногата која ќе ме оддалечела неколку трки надвор од патеките...за среќа тоа не се случи! Во врска со инцидентот со Алваро, извинувањето е прифатено, не сум злопамтило. Тоа беше грешка која знам дека нема да се повтори. Како што знаете некои работи се кажуваат со вжештени глави, работи кои не би ги кажале кога би биле смирени, а тоа се случи и вчера, реков некои работи кои не ги мислев. Во секој случај ќе продолжам да се борам да го направам МотоГП побезбеден шампионат за возачите без притоа да се загуби интересот кај публиката. Ви благодарам на сите!“ - напиша Лоренцо на својот фејсбук профил.

Back To Top