„Направив премногу грешки и на тој начин не можеш да се бориш за титулата“ - Лоренцо

Хорхе Лоренцо ги загуби сите шанси за освојување на второто место откако беше победен од Италијанскиот возач за време на трката која се оддржа во Малезија.

Возачите на Movistar Yamaha, завршија на второто и третото место зад победникот на трката Андреа Довициозо. Роси сега има предност од 28 поени пред Лоренцо, а до крајот на шампионатот остануваат уште максимум 25 поени.

Дури и ако Лоренцо победи на следната трка, ова за него ќе биде најслаба сезона во кариерата според бројот на освоени поени.  Во првите шест трки од сезоната, тој постигна три победи и две втори места, но, според него, трката во Каталуња била пресвртница во сезоната.

PA2061757.0008

„Одлично го почнавме шампионатот. Освоивме прв место во Катар и второ место во Остин. Единствено падот во Аргентина беше негативен дел.  Се беше речиси совршено до трката во Каталуња.“

На трката во Монтмело, Лоренцо се мачеше да постигне добра брзина, а после таа трка следуваа уште неколку разочарувања.

„Се тргна наопаку по Монтмело. Особено кога возевме на ладни и влажни услови. Не се чувствував добро со предниот пневматик. Тешко беше постојано да бидам конзистентен. Имав проблем да најдам добар баланс со пневматиците. Добро е што Michelin ќе може да го искористи ова искуство и во иднина да направи подобри пневматици, некои кои ќе можат да се прилагодат на сите временски услови. “

„Но во секој случај, оваа сезона стекнав добро искуство за во иднина. Да бидам искрен, оваа сезона направив премногу грешки и на таков начин не можеш да се бориш за титулата.“

Лоренцо, кој не направи ниту една грешка за време на неделната трка, призна дека успеал да се искачи на подиумот благодарение на грешките на своите ривали.

„Точно е. Останав на мотоциклот и покрај тоа што не се чувствував добро денеска. Беше полошо отколку на квалификациите бидејќи на патеката имаше повеќе вода. Но, останав на мотоциклот и имав среќа бидејќи сите возачи што паднаа беа пред мене. Тоа ми овозможи да се искачам од шестото на третото место.“

„За мојата самодоверба е добро што се искачив на подиумот. Можеби трката не беше спектакуларна, но освоив уште едно место на подиумот во кариерата.“

На Лоренцо сега му останува уште една трка за тимот на Yamaha пред да премине во Ducati од следната сезона.

„Очигледно е дека Ducati има напредок веќе неколку сезони. Тоа е добар знак. Нивната победа не ме изненади бидејќи Андреа отсекогаш бил еден од најдобрите возачи на влажни услови. Тие ја заслужија победата.“

Back To Top