Хорхе Лоренцо ќе ја напушти Yamaha на крајот на 2016 година, но останува фокусиран на предизвиците кои го очекуваат оваа сезона.

На почетокот на неделава се потврди информацијата дека Лоренцо ќе го напушти тимот на Yamaha и во сезоните 2017 и 2018 ќе вози за Ducati. Оваа вест се најде на насловните страни на сите спортски списанија но фокусот и целите на Лоренцо сепак остануваат непроменети. Неговата цел е да го освои MotoGP шампионатот со тимот на Yamaha и да постигне што е можно повеќе победи. Четвртата трка од шампионатот ќе се вози на патеката во Херез која му е една од омилените. Таму има и еден свиок кој е именуван по него.

99 jorge lorenzo esp gp 8628 2.middle

Лоренцо веќе има остварено победи на оваа патека во 2010, 2011 и 2015 во MotoGP класата, а исто така две победи има остварено и во класата од 250cc. Трката во 2015 беше една од неговите најдобри трки. Тој стартуваше од првиот ред и го задржа првото место се до крајот на трката. Доколку успее да се искачи на подиумот на трката во Херез, тоа ќе биде негов 100ти подиум и ќе стане само третиот возач во 68-годишната историја на трките на кој му успеал овој потфат. Во 2015 година тој постигна победа на оваа патека и ја почна серијата од четири победи, а со оглед на тоа дека Марк Маркез веќе има предност од 21 поен, ќе му биде од голема помош доколку успее да ги повтори истите перформанси.

„Конечно стигневме во Херез каде ќе се оддржи првата Европска трка. Херез е една од моите омилени патеки, особено поради атмосферата која ја прават навивачите. Минатата сезона после оваа трка имавме одлична серија и се надевам дека и сега ќе биде исто. Како што сите знаете следната сезона нема да настапувам за Yamaha. Почувствував дека ми треба промена, нов предизвик во кариерата, да си поставам нови цели и да се обидам да ги постигнам. Благодарен сум и на Yamaha поради сите моменти што ги доживеавме заедно. Постигнав многу повеќе отколку што се надевав. Не знам што ќе се случи во иднина, но знам само дека сакам да уживам во последните 15 трки кои ќе ги возам за Yamaha и во кои ќе се обидам да ја освојам титулата. Во моментов, тоа е мојата единствена цел.“Хорхе Лоренцо

Back To Top