Веднаш откако беше објавено дека Дани Педроса стави крај на договорот со Хонда по крајот на сезоната, motorsport.com го откри договорот со Хорхе Лоренцо за следните две сезони.

Возачот на Дукати, Хорхе Лоренцо постигнал договор со тимот на Хонда, следните две сезони тој ќе му биде клубски колега на Марк Маркез.

Според порталот договорот бил потпишан уште пред трката во Муџело, вредноста на истиот наводно е 4 милиони евра годишно, а официјално ќе биде потврден во следните неколку денови.

motogp valencia gp 2017 dani pedrosa repsol honda team jorge lorenzo ducati team 8529303

Шпанецот кој зад себе има 3 титули со тимот на Јамаха, воопшто не се снајде во Дукати. Хонда веќе објави дека постигна договор со Марк Маркез, а денеска објавија дека Дани Педроса ја прекинува соработката со нив. Тимот и претходно објави дека преговара со неколку возачи за местото на тимски колега на Марк Маркез. Јохан Зарко кој првично беше приоритет за тимот се одлучи за КТМ, а за Хуан Мир веќе на големо се зборува дека има договор со Сузуки. 

Лудата МотоГП сезона продолжува, а најавите се дека од следната година Јамаха ќе има уште еден сателитски тим поддржан од Петронас и Монстер, за кого нај веројатно ќе настапуваат Дани Педроса и Франко Морбидели.

Back To Top