18
Пет, Авг
MotoGP

Лоренцо победи на возбудливата трка во Силверстоун

Лоренцо дојде до победа на патеката Силверстоун во битка за првата позиција која траше до самиот крај, а трката за ГН на Велика Британија ќе ја памтиме уште долго.

Следете нè на:

 

99lorenzo s1d2895 originalЛоренцо во директна битка со Маркез дојде до победа на Силверстоун

Лоренцо не попушти и дојде до значајната победа која психички ќе му помогне да се врати во игра за титулата

Лоренцо дојде до победа на патеката Силверстоун во битка за првата позиција која траше до самиот крај, а трката за ГН на Велика Британија ќе ја памтиме уште долго.

Лоренцо го превзема водството од самиот старт на трката во кој безмалку се допреа со Маркез, а успешен старт имаше и Валентино Роси кој успеа да дојде до третата позиција. За жал успехот на Роси траеше кратко бидејќи најпрво беше поминат од Штефан Брадл, потоа од Дани Педроса, а на крајот и од Алваро Баутиста што го врати на шестата позиција по само неколку извозени круга.

Лоренцо и Маркез по само пет круга од стартот имаа предност од две секунди во однос на втората група која се бореше за третата позиција, а во која возеа Дани Педроса, Штефан Брадл и Алваро Баутиста, следени од Валентино Роси.

Лоренцо започна со агресивно возење од првиот круг, беше решен да направи разлика во однос на Маркез бидејќи возачот на Хонда доживеа тежок пад утринава и имаше изместено рамо, и не се очекуваше да форсира од самиот старт. Сепак и по 8 извозени круга разликата помеѓу нив двајца беше само две десетинки. 

Следуваше неверојатно темпо на Дани Педроса, во кое успеа да ги стигне водечките Лоренцо и Маркез, а зад себе да ги остави во битката за четвртото место Баутиста, Брадл и Роси. Педроса притоа забележа најбрзо време на стазата и успеа разликата од две секунди да ја стопи на само 0.4. 

На 14 круга до крајот Валентино Роси како да се разбуди од зимскиот сон, започна со агресивно возење и веднаш се залепи зад Брадл, а Баутиста иако имаше мала предност не беше недостижен. Кал Крачлоу во меѓувреме возеше осамена трка на седмата позиција, додека пак зад него во група се наоѓаа Бредли Смит, Ники Хејден и Андреа Довициозо.

Роси и Брадл се менуваа на петтата позиција неколку пати пред Роси конечно да го помине германецот и да започне со „бркање“ на Баутиста на четвртата позиција. На 7 круга до крајот разликата од Баутиста до водечката тројка беше поголема од 6 секунди, но затоа пак следевме возбудлива борба за првата позиција.

На шест круга до крајот налетите на Маркез не прекинуваа, но Лоренцо успешно се бранеше. Дани Педроса продолжи со фантастичното темпо и ги следеше водечките двајца без проблем, но се чинеше дека не настојува да го помине Маркез иако имаше можност да го нападне во ситуацијата кога Лоренцо направи мала грешка во свиокот бр.13

Валентино Роси успеа да го помине Баутиста за четвртата позиција на три круга пред крајот, а веднаш потоа и Маркез дојде до првата позиција оставајќи го Лоренцо на второто место. Последните два круга донесоа повеќе возбудувања, бидејќи најпрво Лоренцо го возврати ударот и на кочење успеа да го помине Маркез, а потоа и Баутиста го помина Роси.

Последниот круг беше еден од оние кои ви застанува здивот, Роси успеа да го помине Баутиста за четвртата позиција, но она што беше поинтересно секако беше битката за првата позиција помеѓу Лоренцо и Маркез. Маркез иако успеа да го помине Лоренцо во последниот круг, на само три свиоци до крајот Лоренцо се пикна од внатрешната страна на Маркез и успеа да дојде до победа на патеката Силверстоун.

Последните маневри дефинитивно ќе имаме прилика да ги гледаме во најавните шпици и во издвоени видеа кои ја одбележаа сезонава.

Резултати од трката:

Поз.Бод.Бр.ВозачТимМоторКм/чРазлика
1 25 99 Jorge LORENZO Yamaha Factory Racing Yamaha 173.2 40'52.515
2 20 93 Marc MARQUEZ Repsol Honda Team Honda 173.2 +0.081
3 16 26 Dani PEDROSA Repsol Honda Team Honda 173.1 +1.551
4 13 46 Valentino ROSSI Yamaha Factory Racing Yamaha 172.2 +13.233
5 11 19 Alvaro BAUTISTA GO&FUN Honda Gresini Honda 172.2 +13.298
6 10 6 Stefan BRADL LCR Honda MotoGP Honda 171.7 +20.227
7 9 35 Cal CRUTCHLOW Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 171.3 +26.299
8 8 69 Nicky HAYDEN Ducati Team Ducati 170.7 +35.993
9 7 38 Bradley SMITH Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 170.6 +36.119
10 6 41 Aleix ESPARGARO Power Electronics Aspar ART 169.5 +53.196
11 5 29 Andrea IANNONE Energy T.I. Pramac Racing Ducati 169.1 +59.058
12 4 51 Michele PIRRO Ignite Pramac Racing Ducati 169.0 +1'00.710
13 3 8 Hector BARBERA Avintia Blusens FTR 168.9 +1'01.690
14 2 5 Colin EDWARDS NGM Mobile Forward Racing FTR Kawasaki 168.9 +1'01.843
15 1 9 Danilo PETRUCCI Came IodaRacing Project Ioda-Suter 168.4 +1'08.833
16   14 Randy DE PUNIET Power Electronics Aspar ART 168.4 +1'09.063
17   71 Claudio CORTI NGM Mobile Forward Racing FTR Kawasaki 167.9 +1'16.474
18   7 Hiroshi AOYAMA Avintia Blusens FTR 167.9 +1'16.535
19   70 Michael LAVERTY Paul Bird Motorsport PBM 166.9 +1'32.057
20   68 Yonny HERNANDEZ Paul Bird Motorsport ART 166.6 +1'36.224
21   67 Bryan STARING GO&FUN Honda Gresini FTR Honda 165.0 +2'00.635
Без пласман
    4 Andrea DOVIZIOSO Ducati Team Ducati 170.8 2 круга
    52 Lukas PESEK Came IodaRacing Project Ioda-Suter 158.2 19 круга

 

 Генерален пласман:

Поз.ВозачМоторЗемјаБодови
1 Marc MARQUEZ Honda SPA 233
2 Dani PEDROSA Honda SPA 203
3 Jorge LORENZO Yamaha SPA 194
4 Valentino ROSSI Yamaha ITA 156
5 Cal CRUTCHLOW Yamaha GBR 136
6 Stefan BRADL Honda GER 113
7 Alvaro BAUTISTA Honda SPA 103
8 Andrea DOVIZIOSO Ducati ITA 96
9 Nicky HAYDEN Ducati USA 88
10 Aleix ESPARGARO ART SPA 68
11 Bradley SMITH Yamaha GBR 66
12 Michele PIRRO Ducati ITA 44
13 Andrea IANNONE Ducati ITA 41
14 Colin EDWARDS FTR Kawasaki USA 27
15 Hector BARBERA FTR SPA 27
16 Danilo PETRUCCI Ioda-Suter ITA 22
17 Randy DE PUNIET ART FRA 20
18 Ben SPIES Ducati USA 9
19 Claudio CORTI FTR Kawasaki ITA 7
20 Yonny HERNANDEZ ART COL 7
21 Alex DE ANGELIS Ducati RSM 5
22 Karel ABRAHAM ART CZE 5
23 Hiroshi AOYAMA FTR JPN 4
24 Michael LAVERTY PBM GBR 3
25 Bryan STARING FTR Honda AUS 2
26 Javier DEL AMOR FTR SPA 1

 

comments

Би можело да ве интересира

Со цел да се подигне мото културата, да се насочи енергијата на младите возачи на вистинското место, а можеби и да се пронајде некој нов Роси од нашите простори во план е организација на слободен тренинг на патеката Серез во Грција.

Тимот на „Aruba.it Racing - Ducati“ и Марко Меландри со заедничко соопштение денеска објавија дека ја продолжуваат соработката и во 2018 година во Motul Superbike шампионатот.

Марк Маркез призна дека воопшто не размислувал за борбата за титулата откако во последниот круг се обиде да го претекне Андреа Довициозо. Вели, ако не се обидев, немаше да можам да заспијам.

Возачот на Ducati, Андреа Довициозо, ја оствари својата трета победа оваа сезона откако на трката која се возеше во Австрија успеа да го победи Марк Маркез.

Aprilia нема да ги задржи услугите на Сем Ловс во сезоната 2018 и наместо него тимот се одлучи да го ангажира Скот Рединг.

Како и што се очекуваше, стигна официјална потврда дека Џек Милер ќе ја напушти Honda и од 2018 година ќе настапува за Pramac Ducati.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!