25
Саб, Мар
MotoGP

Лоренцо: Можам да се борам со Маркез во 2015

Хорхе Лоренцо е оптимист дека следната сезона ќе има сила да му се спротистави на Марк Маркез, сезона во која двајцата возачи ќе се обидат да дојдат до третата шампионска титула.

Следете нè на:

 

93marquez99lorenzo ds- s1d2907 originalЌе го гледаме ли Лоренцо пред Маркез почесто во 2015 година?

Хорхе Лоренцо е оптимист дека следната сезона ќе има сила да му се спротистави на Марк Маркез, сезона во која двајцата возачи ќе се обидат да дојдат до третата шампионска титула.

Оваа година Лоренцо го забележа нај слабиот резултат од неговот доаѓање во кралската класа во 2008-ма година. За прв пат тој не се пласираше во првите двајца во генералниот пласман, иако третото место воопшто не е лошо.

Сезоната за него не помина со посакуваното темпо, шампионот од 2010 и 2012 призна дека можеше физички да биде подобро подготвен, па затоа сега вели дека знае што е потребно за идната година.

„Во моментов сум на 70% од капацитетот за тренинг, го користам овој период до празниците за мал одмор, но затоа пак од јануари продолжувам со максимално темпо. Кога еднаш ќе го подигнеш шампионскиот пехар, потоа се трудиш да го повториш успехот. Второто место е добро, и третото место е добро, но ние ќе се обидеме да се искачиме најгоре на пиедесталот. Нема да биде лесно, Маркез и Хонда се одличен пар, но и Јамахата е добра, а доколку и јас сум на потребното физичко и ментално ниво ќе бидеме одлична конкуренција на Хонда и Маркез.“ - изјави Лоренцо на собирот со фановите во Барселона, минатиот викенд.

Шпанецот го помина викендот заедно со членовите на неговиот фан клуб: „Ова го направивме за прв пат во 2009-та година, сега ова е наша шеста средба која доаѓа по една тешка сезона и навистина е прекрасно да бидеш со толку многу фанови.“

На средбата со фан клубот на Лоренцо присуствуваа 40 претставници од Италија, Шпанија но и луѓе од Полска, Англија и Германија. 

Во МотоГП шампионатот од 2010 до сега Лоренцо и Маркез се менуваа на првите две позиции, со исклучок на шампионската титула на Кејси Стонер во 2011 како и оваа сезона во која Роси дојде до втората позиција во генералниот пласман.

comments

Би можело да ве интересира

Валентино Роси го започна MotoGP викендот во Катар со освојување на деветото место на првиот слободен тренинг. На крајот тој заостана 1.483 секунди зад тимскиот колега Маверик Вињалес.

Хорхе Лоренцо призна дека нешто треба да се промени откако за време на првиот слободен тренинг откри дека на мотоциклот не му одговара меката задна гума

„Среќен сум. Најважното нешто е да се подобруваме секој ден“ – Марк Маркез

Возбудувањата на патеката Лосаил во Катар започнаа со вчерашниот прв тренинг. Акцијата продолжува и денеска со слободните тренинзи, утре ќе имаме можност да ги следиме квалификациите, а трката е во недела со почеток од 20 часот по наше време.

Валентино Роси смета дека новиот шампионат има потенцијал да прерасне во уште една интересна сезона

Возачот на Yamaha е полн со самодоверба пред првата трка од новиот шампионат која ќе се оддржи овој викенд во Катар

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!