MotoGP

Лоренцо: Конечно можам да зборувам за Дукати

Хорхе Лоренцо за прв пат отворено зборува за своето досегашно искуство како возач на Ducati MotoGP.

Следете нè на:

 

Додека телевизиските снимки од тестот во Валенсија ни покажаа насмевка и релаксирано однесување, Хорхе Лоренцо поради договорот кој го имаше со својот претходен тим, не смееше да разговара за неговото искуство во Ducati се до почетокот на 2017 година.

Веднаш по официјалното претставување на MotoGP тимот на Ducati кое се одржа во Болоња, Лоренцо ни кажа кои се неговите цели во новата сезона, дека морал да го промени неговиот стил на возење и дали рекордот кој го има поставено неговиот поранешен тимски колега, Валентино Роси, има некакво значење.

2017 Ducati Desmosedici GP Ducati Corse MotoGP Team Launch 49Хорхе Лоренцо за Дукати

За неговите први импресии од Ducati....

-Конечно можам да зборувам за тоа! Прво, промената на мотоциклот беше голем шок за мене. Се до тестот во Валенсија бев навикнат се да гледам во сино, истиот спонзор и истиот тим. Но се се промени.

Во однос на мотоциклот....

- Тие се две комплетно различни филозофии. Моторот на Ducati има поинаков звук, поинаква моќност но исто така има и различна задна вилушка, аеродинамика...Се е различно. Ми требаа неколку кругови за да разберам каде се наоѓам. Но првиот пат кога се најдов на правецот и кога возев во петта и шеста брзина имав неверојатно чувство и имав насмевка на моето лице. Првиот впечаток е секогаш важен и во овој случај тој беше одличен.

За очекувањата во 2017 година....

-Никој не знае што ни носи иднината но мислам дека ќе бидам успешен. Незнам дали веднаш ќе бидам успешен но порано или подоцна  ќе бидам компетитивен и ќе победувам на трките. Но ќе направиме голема грешка ако само се концентрираме на шампионатот или на тоа да станеме светски шампиони бидејќи така ќе направиме многу грешки. Мислам дека мора да се посветиме да го подобруваме мотоциклот постепено, секоја недела. Само на тој начин можеме да станеме светски шампиони. Мораме да се фокусираме на ова.

Во однос на одлуката Кристијан Габарини да биде нов тимски шеф....

-Имавме неколку опции, не премногу, во однос на тоа кој ќе биде новиот шеф. Кристијан ми беше една од опциите. Долги години работев со Рамон и тој беше една од опциите. Но донесов одлука дека ми треба промена и од она што го имав слушнато од други луѓе за Кристијан, е дека тој е добра личност и добар професионалец. Ова е многу важно во работата. Тој имаше направено добра работа со Кејси но исто така и со други возачи. Има искуство, пасија и трпение за да работиме заедно и да ги оствариме нашите цели.

Во однос на тоа дали ќе го прмени својот стил за да му одговара на Ducati…

-Повторно се враќаме на примерот од класата 250. Возев два различни мотоцикли. Со Honda морав да притискам на сопирачката многу подоцна и имав помала брзина при влегување во свиок. Со Aprilia беше комплетно различно. Со него не можеше да кочиш толку доцна. Со Ducati веројатно ќе биде слично. Моторот има многу поголема моќност, особено на правец, и поголема стабилност.  Горе – доле мислам дека ќе го задржам истиот стил на возење и со Ducati.

Во однос на тоа дали пневматиците може да го вознемират исто како и во 2016 година....

-Нормално е да имаме одредени проблеми со пневматиците бидејќи Michelin долго време беа надвор од трките и не е лесно да се вратиш. Овие мотоцикли имаат голема моќност и се многу тешки и не може да се очекува да нема проблеми. Но после една година  и откако ги надминаа проблемите кои ги имаа на почетокот, сигурен сум дека ќе обезбедат соодветни пневматици за секоја патека и нема да ги имаат истите проблеми. Мислам дека е променет начинот на изработка на пневматиците. Се менува и начинот на кој се вози мотоциклот особено на влажни услови. Ова, заедно со електрониката, ни донесе нови победници и промена на резултатите.

Во однос на тоа дали на рекордот на Валентино Роси гледа како на инспирација.....

-Мојата цел не е да се обидам и да го подобрам резултатот на Валентино. Тоа беше друг период и тогаш имаше други луѓе во Ducati. Сега мотоциклот и пневматиците се поинакви. Ова сега е различен тим. Не сакам да се споредувам со други и не сакам да се фокусирам на тоа што се случило во минатото.

comments

Би можело да ве интересира

BMW, Honda и Yamaha ги преземаат следните чекори во примената на паметната технологија.

Патеката во Херез на која ќе се оддржи трката од WSBK шампионатот ќе биде полна со возачи кои се на замена. Големиот број на повреди оваа сезона не ги погодија само регуларните возачи туку и нивните заменици.

Какво гориво треба да има? Тоа воопшто не е важно. Керозин, бензин, дизел, гориво за авион, на моторот воопшто тоа не му е важно.

Да бидеме хумани и да бидеме дел од целодневната забава. 21-ви октомври (сабота): 7-ма крводарителна акција и 9-ти роденден на Guardian Angels MC Macedonia.

Брачен пар од Македонија во март, тргнува на пат да го заобиколи светот со мотоцикл за да ја прегрне планетата. Да, симболично да ја прегрне планетата заобикуловајќи ја со споделување искрени прегратки.

Хонда активно продолува со пред промоција на новите модели кои со нетрпение ги очекуваме на мото саемот во Милано на кој ќе присуствуваме.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!