Според извори од тимот, работата е веќе завршена, постои усмен договор и се чека само погодно време за да се објави веста официјално.

Актуелниот MotoGP светски шампион Хорхе Лоренцо се чини дека ќе настапува за Ducati во сезоните 2017 и 2018 и со тоа ќе го заврши долгото партнерство со Yamaha.

За преминот во Ducati, за кој се шпекулира веќе неколку недели, се чини дека има вербален договор меѓу возачот и тимот. Тој најверојатно ќе биде објавен за три недели, кога трките повторно ќе се вратат во Европа и кога ќе се оддржи трката во Херез.

Се знае дека тимот на Ducati подготвил навистина профитабилен договор за Шпанецот. Долгогодишниот главен спонзор Phillip Morris и Audi кои се сопственици на тимот, се чини дека сакаат да го видат Лоренцо како настапува и освојува титули со нивниот тим. 

Lorenzo GnG

Back To Top