„Тие можат да бидат брзи на повеќето патеки. Можеби не да доминираат како на трката во Австрија, но можат да се борат за победа. Тоа може да биде добро за мене, но не мора да значи“ – Хорхе Лоренцо

Актуелниот MotoGP шампион Хорхе Лоренцо смета дека возачите на фабричкиот тим на Ducati може да имаат значително влијание врз исходот во борбата за титулата во текот на последните осум трки од сезоната.

На трката во Австрија, Андреа Јанон ја оствари првата победа за Италијанскиот тим по 2010 година. Заедно со Андреа Довициозо тие му донесоа 1-2 победа на тимот на Ducati и ги кренаа очекувањата дека „Desmosedici“ ќе може редовно да се бори за победа.

Лоренцо, кој заврши на третото место во Австрија, смета дека Ducati може да се вмеша во борбата.

lorenzo ianone

„Во овој момент, тие имаат постигнато значителен напредок и мислам дека не се брзи само во Катар и во Австрија. Тие можат да бидат брзи на повеќето трки. Можеби се уште не можат да доминираат но би можеле да се борат за победа. Тоа би можело да биде добро за мене, или не, но сепак следната година дефинитивно ќе биде добро,“ изјави Лоренцо кој ќе му се придружи на Довициозо во тимот на Ducati од следната сезона.

„Сега кога мотоциклите на Ducati се компетитивни, можеш да отидеш од прва позиција на петта и да загубиш многу бодови или пак можеш и да освоиш бодови. Ќе биде многу интересно во следните трки. Се надевам дека ние ќе бидеме на врвот и ќе освоиме најмногу бодови што можеме.“

„Оној кој што ќе освои најмногу бодови ќе ја освои титулата. Не е важно како ќе ги освоиш,“ изјави возачот на Movistar Yamaha.

„Очигледно Марк има предност од 43 бодови, но, како што кажав, има шест или седум возачи кои имаат шанса да победат. Важно е секогаш да го дадеме максимумот и да се обидеме секогаш да бидеме на подиумот до крајот на шампионатот. Ако имаш заостанување од 43 бодови, мора да постигнеш што е можно повеќе победи.“

Самодовербата на Лоренцо се зголеми по освоеното трето место на трката во Австрија и сега има за цел да постигне подобар резултат на трката која ќе се оддржи во Брно.

„Многу е важно бидејќи ќе биде премногу да завршиме две трки без добар резултат. Сакам да имам добра трка за повторно да се чувствувам моќен. Сега ќе одиме на патека која е добра за Yamaha, а особено за мојот стил на возење.“

„Исто така треба да бидете многу внимателен и прецизен, а јас сум добар и во двете работи. Ајде да видиме како ќе се одвиваат работите на патеката и дали ќе успеам да ја намалам предноста на Марк.“

Во однос на падот на Маркез на патеката во Австрија, Лоренцо вели дека е свесен дека борбата за титулата може да се промени во секој момент.

„Во MotoGP со овие мотоцикли, кои се многу моќни и тешки, можеш многу лесно да се повредиш. Затоа мораш да бидеш многу внимателен.“

„Исто така и пневматиците играат голема улога. Во еден момент можаш да бидеш лидер, а веќе следниот да се најдеш на петтото место.“

Back To Top