26
Пет, Мај
MotoGP

Лоренцо: Ducati е Ferrari во мотоциклизмот

Хорхе Лоренцо зборува за возбудливиот предизвик кој е пред него. Планира да им се приклучи на најпознатите возачи кои имаат освоено светска титула со различни производители.

Следете нè на:

 

Хорхе Лоренцо зборува за возбудливиот предизвик кој е пред него. Планира да им се приклучи на најпознатите возачи кои имаат освоено светска титула со различни производители.

После 9 сезони, 44 победи и три MotoGP титули, Хорхе Лоренцо ја напушти Yamaha и од следната сезона ќе почне нов предизвик со Ducati.

Yamaha му дозволи на Лоренцо да тестира за новиот тим на патеката во Валенсија дури и пред да му истече договорот но му забрани да зборува со медиумите.

PA2074375.0008

Лоренцо, кој присуствуваше на последната трка од Формула 1 шампионатот, имаше ексклузивно интервју за Crash.net.

Со Лоренцо разговаравме на различни теми, неодамнешниот тест со Мерцедес, што може Формула 1 да научи од MotoGP и секако, новиот предизвик со Ducati.

„Многу сум возбуден бидејќи имав можност да го испробам мојот нов мотоцикл само два дена после трката. Не смеам повторно да се качам на него се до крајот на јануари. Ова ќе бидат два долги месеци.  Но тоа е добро бидејќи ќе имам малку слободно време. Сепак, не смеам да се опуштам бидејќи морам да бидам добро подготвен за следната сезона а мотоциклот изгледа навистина тежок за возење.“

„Тоа ќе биде еден возбудлив предизвик, не чека возбудлива година бидејќи речиси никој претходно нема победено со Ducati. Тоа му успеа само на Кејси Стонер и можноста да се борам за победа ми е доволна мотивација.“

Кога Лоренцо потпиша за тимот на Ducati кон средината на април, тимот немаше остварено победа во MotoGP откако си замина Кејси Стонер во 2010 година. Но, на трката во Австрија, Андреа Јанон успеа да се искачи на првото место а веднаш зад него се најде тимскиот колега Андреа Довициозо. Малку подоцна, Довициозо успеа да победи и на трката во Сепанг.

Некои луѓе веруваат дека Лоренцо ќе биде разочаран бидејќи нема да биде возачот кој ќе успее да стави крај на лошата серија на Ducati.

Но радоста која се појави на лицето на Шпанецот во моментот кога им се приклучи на возачите на Ducati на подиумот во Австрија, ја урна таа теорија. Лоренцо веќе знаеше дека се приклучува на победники тим  и веќе е очигледно дека нема да се задоволи само со неколку победи.

На прашањето околу можноста за победа со Италијанскиот тим, Лоренцо веднаш кажа дека само 5 возачи успеале да освојат титули со различни тимови.

„Ќе биде особено важно бидејќи само 5 возачи успеале да освојат титули со различни производители и само еден со Ducati,“ изјави Лоренцо.

„На некој начин Ducati е Ferrari но на две тркала. Има некоја магична аура околу нив бидејќи дизајнот на мотоциклот е фантастичен. Исто така и фановите го обожаваат овој бренд можеби дури и повеќе отколку самите возачи. Тоа го нема во другите тимови.“

Возачите кои испеале да освојат титула во премирната класа со различни производители се: Џоф Дјук (Norton/Gilera), Џакомо Агостини (MV Agusta/Yamaha), Еди Лосон (Yamaha/Honda), Валентино Роси (Honda/Yamaha) и Кејси Стонер (Ducati/Honda).

 

comments

Би можело да ве интересира

Доколку погледнете наназад ќе забележите дека пневматиците во изминативе 100 години не се многу променети. Секако, имаше напредок во однос на нивната конструкција и материјалите кои се употребуваат за производство но целокупниот пакет остана воглавно непроменет.

Red Bull Honda потврди дека трката која ќе се оддржи овој викенд во Донингтон парк ќе му ја посвети на Ники Хејдн.

Викендов на патеката Аданката во Романија се возеа шестата и седмата трка од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам.

Поглед кон исклучителната кариера на поранешниот MotoGP шампион

Се чини дека Zero и Electrica добиваат сериозен конкурент откако Lightning Motocycles објавија дека ќе се вклучат во производството на електрични мотоцикли. Од компанијата објавија дека планираат да го тестираат прототипот кој ќе може со едно полнење да стигне од Лос Анџелес до Сан Франциско.

Dorna Sports оваа година тркањето го донесе во дневните соби откако го претстави возбудливиот MotoGP eSport шампионат. Можете да се вклучите и вие, а во случај да постигнете најдобар резултат, тогаш ќе добиете BMW M240i. За жал, нема да добиете мотоцикл.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!